ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Сопственикот на објектот кај Мавровка тврди дека градбата е легална, Шилегов демантира (ВИДЕО)

September 2, 2020 13:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сопственикот на објектот што денеска се урива кај ТЦ Мавровка во изјава за медиумите тврди дека за објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари.

– Ништо од тоа што е пренесено од страна на медиумите не е точно. Јас сум сопственик на објектот што беше изгорен од пожарот и на легална градба запишана во Катастарот.  Не се точни информациите дека не сум бил достапен за полицијата. Можете слободно да ги прашате дека првиот ден кога дојдоа, јас бев тука и  им ги дадов документите за објектот.  На еден од порталите прочитав дека сум го исекол дрвото. Не сум го сторил тоа, имам видео запис  во кој се гледа како го сечат дрвото. Лани најдов проектил од рачен фрлач во објектот. Оваа година ми го запалија. Педесет дена не знам кои се причините. Истрагите завршуваат со непознати причини или непознат сторител. Човекот што го сака мојот објект нека се јави  да му го подарам, да не се мачиме вака, изјави сопственикот Мевлудин Алити.

За објектот што денеска се урива изминатиот период имаше дебати и полициска истрага. Откако општинските власти утврдија дека се работи за дивоградба, беше распишан тендер кој да го урива објектот, но никој не се јави. Со одлука на Владата денеска почна уривањето на објектот кое го врши ЈП за  одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта под полициско присуство.

Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.

Неговиот адвокат вели дека нема кривично дело во случајот бидејќи се работи за објект којшто е легален.

– Согласно законот, објектот што целосно е уништен, сопственикот има право да го врати во поранешната состојба, да го обнови со проект за обнова кој е доставен до општина Чаир  и за кој немаме никаков одговор кое е нивното мислење. На 1.05.2020 година објектот што е во приватна сопственост на Мевлудин Алити беше изгорен целосно од непознати причини и ден денес очекуваме одговор и од полицијата и од Обвинителството кои се причините за пожарот. Од страна на сопстеникот на објектот беше побарано од Општина Чаир  дозвола да се исчисти објектот, односно отпадот и шутот. За тоа има одобрение од страна на Општина Чаир. Во меѓувреме е започната и подготовка на проектот за обнова којшто откако е завршен, е доставен до Општина Чаир, појаснува адвокатот на Алити.

Според него, решението што е донесено од општината дека објектот не соодвествува со фактичката состојба и немал сопственост, не е вистина.

– Имаме доказ, имотен лист кој може да се извади од Катастар каде е запишано правото на сопственост и тоа во неколку имотни листови. Има 333 метри квадратни од тоа 86 метри квадратни друг имотен лист, истакна адвокатот на Алити, додавајќи дека и не е потребно одобрение за градба во случај на обнова на објектот.

Според адвокатот на Алити, проектот за обнова чини 9,5 илјади евра.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на прес-конференција одговори на прашањето за легализацијата на објектот, велејќи дека „ако платил за легализација, тогаш не може да е дивоградба. Нема платено легализација, не знам дали е платен надоместок за приватизација на тоа земјиште, што мислам дека е суштината на главниот проблем.“

Next Post

Заев со претставници на ССК: Следува намалување до 75% на пара-фискалните давачки до 2024 година за стимулирање на економскиот развој

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk