Во последните 24 часа направени се 1.772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19.
Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, бројката на оздравени пациенти е 11.741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.253.