пишува: РИБАРО
Булдожери се забрале да го рушат нелегалниот објект кај Мавровка. Сите сме кабает за тоа, еве признавам.
Цела јавност се откорнавме од трубење дека треба да се сруши што е можно побрзо, па чудења, па нема држава, па корупција… Дојде мајчина влада и на првата седница рече дека ќе помогни да се сруши објектот. И види богати, веќе нареден ден зеде се руши.
Комуњарскава влада наместо да земе тоа педантно со гребле, лопатче и кофиче, па да најави со панделки и ленти, да му се извини пред тоа на градителот така културно како што доликува, таа му се намерачи на објектот со механизација и руши ли руши… Башка сред бел ден развалува комуњарава, пред деца и возрасни луѓе со слабо срце, стресови им прави, па гледаат страшни призори од рушење дивоградба која никна како чир во срцето на Градот, наместо тоа како што треба – ‘педерски’ што би рекол димче леви во рани утрински саати, онака ни лук јал ни лук мирисал, како што никнуваа спомениците.
А, и кој го плаќа рушењето, а, од наши ли пари бе?
Кога почнаа да работатат булдожерите се јави и сопственикот на дивоградбата, фин некој домаќин човек, општествено одговорен, го пореметија кутриот, а што мудро си молчеше и педантно си градеше и ја разубавуваше Мавровка. Вели имал и документи, а бе загрев човекот го земале на душа. Уште не можам да се изначудам на бруталноста со која се рушеше, а и камери снимале од куп медиуми ни срам ни перде да се немало, сигурно децата од градителот гледаат како им оди сермијата во неповрат. Засрамота!
Трауми се тоа бе ЛУЃЕ ЕЈ…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK