пишува: ИГОР К. ИЛИЕВСКИ
„Се сеќавате на една вест која тврдеше дека замислете „бугарски кран влезе во Македонија, ќе се отстранува споменикот на Александар Македонски” – после што мала група граѓани се собраа на плоштадот во Скопје да го бранат споменикот од бугарскиот кран. Денес сме сведоци дека сите тие така наречени вести – беа лажни. Имаа цел да манипулираат, да го вознемируваат населението.“ Вака премиерот Зоран Заев ја илустрираше потребата од заштита од лажните вести на конститутивниот состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата, што во четвртокот се одржа на иницијатива на Владата.
„Лажните вести“, како што денес се нарекува манипулирањето со информации, од дозирано информирање до чисто дезинформирање, не се ниту нови, ниту ретки. Напротив, тие се секојдневни. А не се ни особено дискретни, од „бугарскиот кран“ (Александар си оди од „Македонија“: Пристигна кран за егзекуција од Бугарија) до „поклонување пред шахта“, или јулскиот снег во Аргентина.
Целта, како и на секоја вест, им е да допрат до што поголем дел од јавноста, било да е тоа од политички мотиви, како „кранот“ и „шахтата“, или, едноставно, од „економски“, како мамецот за кликови со откривањето на зимата на јужната хемисфера.
Акциската група на Владата што се конституира во четвртокот најави широка и сеопфатна дебата со сите заинтересирани страни, односно со „медиумите, медиумските и граѓанските организации, новинари и поединци кои се определени против злото наречено лажни вести“, преку која треба да ги дефинира проактивните мерки против намерното, смислено дезинформирање.
Во очекување на резултат од идните дебати, кои се алатките кои во моментов можат да се применат против „лажните вести“? Генерално, можат да се поделат во две категории, со полициски речник, „меки“ и „тврди“.
целиот текст е достапен на ЦИВИЛ Медиа.