ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Кривични за десет правни и физички лица за „злосторничко здружување“

September 22, 2019 13:42
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

СВР Куманово поднесе кривична пријава против десет правни и физички лица за „злосторничко здружување“ бидејќи во текот на 2016 година спротивно на Законот за извршување, овозможиле продажба на веќе изнајмено земјиште од едно на друго правно лице, со што сопственикот го изгубил имотот и му била нанесена штета од 37.166.171 денари, информира денеска МВР.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е. И. (67) од село Слупчане, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против ДПТУ „Хени компани“ ДООЕЛ – село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против В. К. (46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“,  против Ш. И. (31) од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, и против А. К. од Израел, АД „Алов Гевгелија“, М. С. (57) од Скопје, ДТННД „Твинс Петролеум“ село Негорци, гевгелиско, С. И. (28) од село Слупчане и ДТННДТУ „Пеак оил 2017“ – село Негорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, информираат од МВР.

Во текот на 2016, како што стои во соопштението, првопријавениот како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, заедно со трето, четврто, петто, шесто, седмо, осмо, деветто и десетопријавениот формирале група и спротивно на Законот за извршување, овозможиле земјиште изнајмено на 04.09.2014 од второпријавеното правно лице за период од шест години, да премине во сопственост на осмо, односно десетопријавеното правно лице. Притоа, на 07.09.2016, третопријавената, како извршител, за наведениот имот спровела постапка за извршување од доверителот Ж.Д. од Куманово во вредност од 2.456.000 денари, при што со незаконско спроведување на извршувањето овозможила наведениот имот да биде продаден на второпријавеното правно лице за 6.525.533 денари, кој е значително помал од реалната вредност на имотот. По ова, третопријавената, на второпријавеното правно лице му повратила 3.767.525 денари, додека останатиот износ од  2.237.475 денари го задржала за себе.

-По поднесување на жалба за ваквото извршување, второпријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со осмопријавеното правно лице, како купувач, за 34.867.244 денари. Потоа, на 01.09.2017 осмопријавеното правно лице, како продавач, склучило договор за купопродажба на наведеното земјиште со десетопријавеното правно лице, како купувач, за 34.890.240 денари. На овој начин сопственикот го изгубил наведениот имот, а притоа бил оштетен и за неисплатената закупнина, со што му била нанесена штета од 37.166.171 денари, додека на доверителот Ж.Д. му била нанесена штета од 2.456.000 денари, се наведува во соопштението од МВР.

извор: МИА

Next Post

„Од нас за нас“: За вакцините да постои право на избор и лабораторија за контрола на квалитетот

Discussion about this post

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk