Премиерот Зоран Заев во денешна изјава за медиумите истакна дека верува дека експремиерот во бегство, Никола Груевски ќе ја отслужи својата затворска казна, пренесе Фокус.
Според него, порано или подоцна секој што прекршил закони и сторил какво било кривично дело, ќе седне на обвинителна клупа.
„Никола Груевски беше слободен граѓанин се додека Судот не издаде наредба за негово донесување за издржување на казната. Два дена претходно, тој ја напушти државата. Светот е глобално село, никој не може да избега од казната. Јас очекувам дека брзо ќе дојде моментот кога секој ќе си ја отслужи казната, вклучителни и Никола Груевски.