ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Почна подготовката на нацрт-законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк

Владата на 5 мај годинава донесе одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на Шар Планина за Национален парк и го задолжи министерството да спроведе јавна расправа и да подготви предлог-закон.

September 5, 2020 18:44
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека е почната постапката за изработка на Нацрт – Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк. Ќе се одржуваат и јавни расправи со засегнатите страни – граѓанските здруженија, локалното население и бизнисмените, пренесе МЕТА.

Прогласувањето за Шар Планина за Национален парк долго време е заложба на голем број граѓански организации, поради штетите што се нанесуваат на природата сега, кога оваа планина страда од градење на објекти за домување, хидроцентрали и разни други капацитети.

По Информацијата од МЖСПП, Владата на 5 мај годинава донесе одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на Шар Планина за Национален парк и го задолжи министерството да спроведе јавна расправа и да подготви предлог-закон.

„Заради исклучителните природни вредности, делови од Шар Планина се идентификувани како еден од најзначајните подрачја за зачувување на природата на национално, регионално и европско ниво. Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк ќе се овозможи унапредување на заштитата, зачувувањето и одржливото користење на природните вредности и зголемување на површината на заштитени подрачја на национално ниво (за околу 2,1 отсто), односно од сегашните 8,9 отсто на 11 отсто“, соопштија од ова министерство.

Од таму велат дека прогласувањето на Шар Планина за Национален парк ќе придонесе кон унапредување на имплементација на Aichi целите од Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD) и другите конвенции за заштита на природата (Bern, CITES, Bonn, Ramsar и др.), прогрес во исполнување на целите и акциите од Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), прогрес во имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птици, унапредување на прекугранична соработка во областа на заштита на природата со Косово и Албанија, развој на екотуризмот и локалната економија и др.

„Дел од Шар Планина е вклучен во Националната Емералд мрежа, којашто произлегува од обврските на државата за имплементација на Конвенцијата за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа (Бернска Конвенција). Шар Планина претставува и потенцијално идно Натура 2000 подрачје“, соопштија Министерството за животна средина

Првата верзија на нацрт-законот треба да биде објавена месецов, а потоа од 9 септември до 12 октомври ќе се организираат состаноци, јавни расправи и разгледување на забелешките, по што во октомври треба да се објави втората верзија на Нацрт-законот и тој да биде доставен до Владата, која ќе го предложи во Собранието за усвојување.

Се очекува собраниската процедура да почне во ноември.

Заинтересираните страни може да се информираат на ЕНЕР и на веб-сајтот на МЗЖСПП.

Next Post

Филипче: Малата Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk