ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Оштетените штедачи на Еуростандард бараат државата да ги преземе нивните побарувања и парично да ги обештети

September 10, 2020 19:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска побара итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физички и правни лица од Еуростандард Банка, и во целост парично ќе ги обештети. Потоа, државата да наплати од стечајната маса.

За ова барање, од Здружението посочуваат дека доставиле предлог закон на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, каде како што велат, била искажана волја за решавање на овој проблем. Овие денови Здружението има состаноци со пратеничките групи во Собранието за да побараат и нивна поддршка за донесување на закон.

Николоски Дејан, член на Иницијативниот одбор на Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард Банка на денешната прес-конференција истакна дека со нивното Здружение секојдневно пристигнуваат пораки со прашања на штедачите што да прават со своите заштеди во банките, но за жал, како што рече, не можат да дадат конкретен одговор.

-Пропаѓањето на Еуростандард банка или црната за нас среда, 12 август, не остави без нашите лични парични средства. Се работи за цели семејства кои се погодени и фирми кои во ова време на пандемија се соочуваат со проблеми со ликвидност и затворање. Верувавме во систем којшто нѐ заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција регулирана и контролирана од државата, рече Николоски.

Тој потсети дека основата на банкарски систем се депозитите на штедачите, како домашни така и оние на наши сограѓани со работа во странство, но за жал, како што рече, години наназад токму таа основа на банкарскиот систем односно штедачите се доведени да останат без своите тешко спечалени средства.

-Деновиве слушаме изјави од Народна банка како една од највисоките државни институции која се издига високо над банкарскиот систем, како истиот тој систем е стабилен и дека останатите банки се во одлична состојба. Сепак, до нашето Здружение секојдневно пристигнуваат пораки со прашања на штедачи што да прават со своите заштеди во банките. Истата таа институција чие име започнува со зборот „Народна“ и треба да служи на народот, сега е исправена пред нов предизвик да докаже дека служи на целиот народ вклучувајќи не и нас и да го реши овој наш проблем најбрзо и најефикасно, пред да бидеме сведоци на големи семејни трагедии, рече тој.

Николоски додаде дека има бројни ситуации каде членови продале личен имот и бидејќи според закон трансакцијата мора да оди преку банка, на трансакциска сметка која се смета како депозит по видување се заробуваат парите во Еуростандард Банка. Спротивно на тоа, според Николоски, има членови кои подолг период штеделе да купат свој дом за себе или за своите најблиски и сега средствата им се заробени и моментално се под кирија.

-Фирми страдаат исто така. Парите им се заробени целосно со пропаѓањето на банката. Доведени во тешка состојба, неможат да сервисираат долгови, немаат ликвидност, неможат да работат, вработените да земат плата, блокирани се, фирми се затвораат поради настанатата состојба. Фирмите се законски должни да работат со трансакции преку банка, ги користеле услугите на Еуростандард Банка. Има и фирми кои работеле само со оваа банка и сега сите пари им се заробени, рече Николоски.

Тој ги поттикна надлежните институции да ги испитаат сите наводни индиции за направени злоупотреби или непостапување по службена должност односно, како што рече, сторен криминал на лица на одговорни позиции во Еуростандард Банка при одобрувањето и пласирањето на кредити без соодветни покритија како и други можни малверзации кои се случувале во банката во тек на повеќе минати години под директна контрола и супервизија на Народна Банка./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковид-19 во светот: Бројот на досега заразени надмина 28 милиони, раст на инфицирани во Австрија, Индија и Бразил

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk