Под мотото „Богата Влада, сиромав народ”, десетина подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ пешки и со околу 15 коли во колона, маршираа против поскапувањето на струјата.
Маршот почна од пред Беко, а заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.
Иако главните пароли на малкуте подржувачи на опозицијата беа дека народот се осиромашил, фотографиите го покажуваат спротивното за членовите и функционерите на партијата, која од 2006 до 2016 година владееше со земјата.
Со скапи коли, со партиски знамиња и полни пароли со грижа за народот.
А. Зеќири