Доколку владата достави предлог за укинување на патните трошоци на пратениците, тој ќе предложи сите во владата да се откажат од службените возила и секаде да одат на тротинет, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери на брифингот со новинарите.
Според него на пратениците треба да им се обезбедат услови за работи и да се има предвид дека доаѓаат од различни места во државата. Додава дека не очекува да добие таков предлог од владата, а од друга страна не очекува ниту некој пратеник поединечно да се откаже од патните трошоци. Инаку, токму ова беше едно од ветувањата на сегашната власт во текот на изборната кампања.
Инаку, до Собранието барање за апанажа поднеле 44 пратеници од минатиот состав, а се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.