ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Со градоначалниците ќе ги пресретнуваме и отстрануваме проблемите

September 11, 2020 15:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со градоначалниците сакаме да ги пресретнуваме проблемите и да ги отстраниме пред тие да се случат, односно да нема застој во работите, истакна министерот  за транспорт и врски Благој Бочварски за време на денешната посета на Општина Битола.

Министерот Бочварски нагласи дека заедничка цел е да се придвижат сите проекти и да се фокусираат на капиталните проекти што ќе ја раздвижат целата економија и ќе дадат сериозен импакт на Битола и регионот.

– Решаваме суштински проблеми за граѓаните и затоа вложивме околу 1,2 милиони евра за реални потреби, а Општина Битола го следни овој динамички процес. Мојата цел е заедно со градоначалниците да ги пресретнуваме проблемите и да ги отстраниме пред да се случат, односно да нема застој во работите. Капиталните инвестиции се развојот на државата, а во вакво време на корона криза  мора да работиме за што поголем процент на искористеност на капиталните инвестиции затоа што тие се директни пари што се праќаат во економијата, во нашите компании и во отворање или задржување на работните места. Министерството за транспорт и врски ќе биде ветер во грб за сите општини, со цел рамномерен регионален развој, изјави Бочварски.

На прес конференција во Битола министерот го најави новиот Правилник за урбанистичко планирање како и проектите кои ќе се реализираат во пелагонискиот регион.

-Правилникот за урбанистичко планирање се очекува по донесувањето на новиот Закон за урбанистичко планирање, ќе овозможи враќање на сјајот на урбанизмот, дава шанса за урбаниот развој и исправаме голем дел од неправдите што се случуваа во минатото. Во пелагонискиот регион имаме значајни проекти за патната инфраструктура во Битола и до крајот на годината очекувам да завршат постапките за рехабилитација на патниот правец до Меџитлија и патниот правец до Демир Хисар, а во меѓувреме ЈП Државни патишта изработува проект за експресен пат од Меџитлија до Битола, како и проект за автопатско решение од Битола до Прилеп за што е ангажиран Градежен факултет, рече Бочварски.

За регионот, како што истакна, е значајна и делницата од Прилеп до Градско каде за еден дел веќе е распишан нов тендер за избор на изведувач бидејќи како држава имавме проблеми со претходниот изведувач. За втората делница водиме преговори за преземање на работите од друга фирма со што ќе се надмине застојот на коридорот Дреново-Фариш-Градско, а потоа и трета лента на Плетвар со што Плетвар ќе го направиме помодерно и побрзо сообраќајно решение, потврди Бочварски.

Според градоначалникот на Битола Наташа Петровска, соработката со Министерството за транспорт е одлична и таа ќе се интезивира.

-Градежните активности на улиците „Партизанска“ и „Илинденска“ се во полн ек, а само за овие два инфраструктурни проекти како капитална инвестиција, Општина Битола вложи 900.000 евра додека Министерството за транспорт вложи 650.000 евра со што се потврдува партнерската соработка меѓу двете институции. На улицата „Партизанска“ целосно е изградена фекалната канализација, 70  проценти е завршена атмосферската канализација, а се поставуваат и страничници на коловозот. Исто така, заврши јавната набавка за поместување на каналот под Тумбе Кафе и тоа е претходница за инфраструктурни зафати на улицата „Крушевска Република“ како значаен крвоток во градот и намалување на сообраќајното оптоварување на улицата „Партизанска“ во Битола. Градежната сезона се одвива со полна динамика, посочи Петровска.

На прес конференцијата во Битола беше соопштено дека наскоро во пробна употреба ќе биде пуштен железничкиот сообраќај на пругата од Битола до индустриската зона „Жабени“, а потоа и до соседна Грција.

Next Post

Николовски за МИА: Мојата позиција не се коси со ДКСК, борбата ќе се води преку многу канали

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk