ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жерновски: За потсмев е што протест против поскапување на струјата организира Мицкоски, најнеспособниот директор на ЕСМ

September 11, 2020 16:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема никаква дилема дека опозицијата има право и треба да протестира. Тоа го правел во минатото, а ќе го прави и во иднина секој опонент на власта. Секако, сме го правеле и ние кога сме седеле во опозициските столчиња во Собранието. Она што создава дилема, но и потсмев, е фактот дека организатор на сегашните протести на опозицијата против поскапувањето на струјата не е никој друг, туку човекот во чие време плаќавме најскапа струја. Прв во редовите е токму Христијан Мицкоски, најнеспособниот директор на ЕСМ (ЕЛЕМ)“, пишува ексминистерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

„Пред да дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година еден киловат час електрична енергија домаќинствата ги чинеше 2,37 денари. Откако Груевски и Мицкоски дојдоа на власт, цената на струјата поскапуваше континуирано, за да во 2016 година цената достигна рекордни 4,28 денари. Тоа значи дела граѓаните плаќале најскапа струја токму во времето на Мицкоски.

Понатаму, тој до денешен ден не кажува дека оставил и склучени договори и тендерски постапки во тек, во висина од неверојатни 94 милиони евра за изградба на Рајски градини, барокни згради и фасади, катни гаражи, конгресни центри и слични фантазии.
Мицкоски е единствениот директор во историјата на ЕСМ, во чие време ниту се градел, ниту бил во тендерска постапка барем еден енергетски капацитет.

Зошто на протестите, верниот чувар на столчето на Груевски не кажува дека производството на ЕЛЕМ драматично паѓа од 2013 година па наваму. Убедливо, најмало производство на струја ЕСМ оствариле токму во 2017 година. Во 2018 година, со доаѓањето на СДСМ на власт, производството е зголемено за 45 GWh, а нагорниот тренд продолжи и во 2019.

Мицкоски упорно одбегнува да и’ даде одговор на јавноста зошто на 27 декември 2016 година побарал од Регулаторната комисија за енергетика, пред која, гледај чудо, денес протестира, да го одземе правото ЕВН да увезува електрична енергија и пред Нова година, без никаква транспарентност, за тоа да го задолжи ЕЛЕМ ?

Не објаснува ниту зошто веднаш потоа, во јануари 2017 година, ЕЛЕМ набавил електрична енергија за 6,5 милиони евра, по цена, која е повеќе од два пати повисока од цената по која МЕПСО купувал струја во истиот период?

Затоа, ќе си дозволам на Мицкоски да му порачам дека неговите обиди да си ја зачува партиската лидерска фотелја преку организирање на протести и манупулација на сопственото членство, се јасни и лесно прочитливи. За него, партискиот Конгрес, кој најавува крајно сериозна закана дека ќе му биде и последен, е далеку поважен од грижата за граѓаните. Жалосно, зарем не?“, посочува Жерновски.

Next Post

Османи: Експертските комисии со Грција и Бугарија продолжуваат со работа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk