Култниот српски рок бенд Електрични оргазам вечерва свири пред македонска публика на стадионот на АРМ. Според присутните, строго се почитуваат антиковид мерките, на влез се мери телесна температура, а на тревникот се испишани квадрати на пропишано растојание.
Концертот неколку пати се одлагаше поради корона кризата, но скопјани вечерва конечно имаат можност да го видат легендарниот рок бенд кој трае со децении на екс-ЈУ просторот.
Бендот настапува на голема бина, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд.
Ј.Ѓорѓиоски