ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шести протест против поскапувањето на струјата во Гостивар, четврти во Кичево

Попладнево и во Кичево на градскиот плоштад се одржа четвртиот мирен протест.

September 11, 2020 22:49
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со краток марш и протестен собир пред седиштето на ХЕЦ Маврово, група гостиварци искажа незадоволство против одлуката за поскапување на струјата. Организаторите на протестот, навивачката група „Кастриоти“, шестиот протест го започнаа од корисничко енергетскиот центар Гостивар на ЕВН.

На протестниот собир пред дирекцијата на ХЕЦ Маврово во Гостивар беа прочитани барањата: Регулаторната комисија за енергетика да ја поништи одлуката за зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 проценти, да се намали цената на електричната енергија за 20 проценти, а од Владата се бара да го намали ДДВ-то на енергијата од 18 на 5 проценти и да го прекине монополот на приватната компанија ЕВН.

Од организацискиот одбор што ги организира протестите бараат од РКЕ и Владата да ги сфатат протестите сериозно и најскоро време да се најде најдобро можно решение.

– Во спротивно, не ни преостанува ништо друго освен да покажеме граѓанска непослушност. Не нè присилувајте да ја повториме 2001 година. Но, не со вооружен конфликт туку со неплаќање на сметките, рече Сали Јонузи на собирот. Тој нагласи дека било неприфатливо да се плаќа највисока цена на струјата во регионот, а да се има најниски плати.

Попладнево и во Кичево на градскиот плоштад се одржа четвртиот мирен протест.

Организаторите на протестот кој се одвиваше под мотото „И Кичево протестира против ЕВН“, повторија и денеска дека тие се организираа како реакција на поскапувањето на струјата и немаат никаква политичка заднина, нивните барањата се едноставно од економски карактер.

Тие ги имаа речиси истите барања како и на претходните три протести, поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто, намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика. Денеска беше додадена уште една точка, со што бараат да се простат долговите за електрична енергија на социјално загрозените семејства.

Исто така, тие сметаат дека потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.

Протестот заврши мирно на плоштад, денеска немаше марширање.

Next Post

Жбогар: Добро е да се знае идниот официјален јазик на ЕУ

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk