Како еден од приоритетите во правосудниот систем министерот за правда, Бојан Маричиќ, ја наведува брзата разрешница на случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство. Како што рече тој во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, досегашното нивно пролонгирање било сплет на повеќе околности.
„Мислам дека во нивното одолговлекување имаше улога пред сѐ фактот што предолго траеше донесувањето на законот за ЈО, тоа што законот донесен во февруари имаше одложено дејство, верувам дека имаше врска и тоа што беше период на техничка влада, избори…“, рече Маричиќ.