Во изминатите 24 часа во Хрватска е потврден 261 нов случај на коронавирус од 5.690 тестирани лица.
Од ковид-19 починале уште седум лица, соопшти Националниот штаб за граѓанска безбедност.
Моментално бројот на активни случаи во Хрватска е 2.429, пренесува Индекс.хр. Хоспитализирани се 313 пациенти, од кои 24 пациенти се на респиратор.
Од почетокот на пандемијата, во Хрватска се потврдени вкупно 13.368 случаи на зараза, од кои 218 лица починаа, а 10.721 се излекувани.
До денеска во Хрватска се тестирани вкупно 216.495 лица.