ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Развојот на помалите општини условен од донесувањето ГУП, обемната процедура го отежнува нивното донесување

Процесот на изработка на урбанистички планови во помалите општини, особено во оние чии атари зафаќаат и делови на заштитени подрачја, локалитети со природни реткости што се под посебен надзор, се одвива тешко, потребни се многу согласности од различни институции, особено од Министерството за животна средина и просторно планирање, одговорно за заштита на природните ресурси

November 9, 2019 10:50
in ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на изработка на урбанистички планови во помалите општини, особено во оние чии атари зафаќаат и делови на заштитени подрачја, локалитети со природни реткости што се под посебен надзор, се одвива тешко, потребни се многу согласности од различни институции, особено од Министерството за животна средина и просторно планирање, одговорно за заштита на природните ресурси, пренесува МИА.

Тоа во значаен дел им претставува проблем на општините, како за нивниот сопствен развој така и за користење средства од ИПАРД-претпристапните фондови на ЕУ наменети токму за развој и поддршка на руралните средини. Особено со таа проблематика се засегнати општините Вевчани и Дебрца, кои својот иден развој во добар дел го гледаат во искористување на своите природни особености за развој на туризмот.

Кога станува збор за Општина Вевчани, изработката на Генералниот урбанистички план е отпочната уште во 2012 година, но тогаш било добиено негативно решение оттаму што дел од планот опфаќал и локација што спаѓа во заштитено подрачје.

– По таа основа е добиено негативно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање. Самата постапка е обемна, потребни се многу дозволи од различни институции за да се одобрат урбанистичките планови, изјави Сашо Јанкоски, градоначалник на Вевчани.

На Општина Вевчани во септември од Министерството за животна средина ѝ е даден на управување споменикот на природата Вевчански извори, така што локалната самоуправа се надева и работи на изработка на својот генерален урбанистички план.

– Не само за ИПАРД-фондовите, буквално за секој проект без постоен урбанистички план како општина не можеме да конкурираме. Сакаме како општина да градиме излетнички места, кампови на атрактивни локации за привлекување туристи, а тоа не може никако да се изведе без донесен урбанистички план, истакнува тој.

Во моментов општината реализира доста проекти. Преку УНДП и „Екосвест“ од Скопје е донесен менаџмент за управување со заштитеното подрачје Вевчански извори, а се спроведува и проектот преку „Туристички центар – Вевчани“ со голема вредност од милион евра, што предвидува реконструкција на старата училишна зграда во мултифункционален центар со поставки за планината Јабланица, сали за семинари, за боди-билдинг, фитнес и различни други содржини. Се реконструира и паркот пред општинската зграда, потоа се обновуваат улиците, со план на нив да бидат поставени старите камени плочи.

Слична е ситуацијата и во Општина Дебрца, каде што исто така донесувањето ГУП е предуслов за реализација речиси на сите инфраструктурни проекти.

– За сите населени места во општината во тек се постапки за донесување урбанистички планови. За некои села веќе се донесени, додека за некои тие се во фаза на изработка. Тука би забележал дека постапките се навистина долготрајни. На пример, имаме случаи за почнати постапки за донесување урбанистички планови за села уште од 2014 година, а сè уште не се донесени. Тоа е последица на премногу сложената постапка, која сè запира, односно кочи, пред сè во централните органи на власта, изјави Ногачески.

Според него, бирократската тромост на администрацијата и неажурноста на институциите се одразуваат негативно не само за реализација на средства од ИПАРД-фондовите, туку воопшто на урбаниот развој на селата во Дебрца. Ногачески нагласува дека без урбанистички планови не е можно да се планира каков било развој.

– Без плановите не можеме да дојдеме до потребните средства, особено оние што потекнуваат од странските донатори кои инсистираат на донесени урбанистички планови и обезбедена планска документација за каква било финансиска поддршка, вели Ногачески.

Тој истакна дека во атарот на општината до крајот на календарската година ќе бидат изработени и завршени 11 урбанистички планови, од кои седум се донесени, а четири се во завршна фаза.

И двете општини се потписници на Меморандумот за соработка со Службата за спасување на планина што функционира во рамките на Црвениот крст од Охрид, што само по себе е показател дека и двете локални самоуправи многу надежи за својот иден развој полагаат во развојот на алтернативните форми на туризам, како авантурискичките тури со велосипед и планинарење на планините Илинска, Плакенска и Јабланица.

Како пример за потребата од забрзување на самите постапки за донесување урбанистички планови Ногачески ја посочи изградбата на планинарски дом во село Брежани, проект условен од навременото обезбедување соодветна документација за градба.

– За Дебрца е значајно оттаму што нашата визија е општината да ја развиваме во атрактивна туристичка дестинација што ќе ги искористи сите потенцијали. Дебрца има предуслови за развој на планинарски и авантуритички туризам, а тие форми на стопанска дејност не може да се реализираат без постоење урбанистичка документација. Планинарскиот дом во Брежани е дел од проект одобрен од страна на ЕУ, но за да се финализира тој објект, мора да имаме урбанистички план, односно општ акт за село Брежани, посочи тој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk