ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата најавува систем кој ќе одвраќа од злоупотреби и јасно ќе ја лоцира одговорноста

September 13, 2020 10:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата, затоа Владата во својата програма најавува дека ќе гради систем кој ќе одвраќа од злоупотреби и јасно ќе ја лоцира одговорноста.

-Корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и институциите. Го оштетуваат буџетот, ја рушат правната држава, ги слабеат институциите и ја загрозуваат демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните, се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година.

Од Владата посочуваат дека ќе ја водат битката преку широка и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна ДКСК и нулта толеранција при откриени злоупотреби.

-Целта ни е да градиме систем кој одвраќа од злоупотреби и јасно ја лоцира одговорноста. Ќе ги јакнеме граѓаните и институциите, а ќе ги намалуваме дискреционите права и моќта на политичарите и носителите на јавни овластувања, стои во програмата.

Граѓаните, како што се посочува, се особено чувствителни на злоупотребите на носителите на функции.

– Никој не смее да е над законот, а носителите на функции со свој пример тоа мора да го докажуваат. Ќе предложиме измени во Кривичниот законик со кои ќе се заостри казнената политика за дела типично врзани за носители на функции, стои во програмата.

Дополнително, како што најавуваат од Владата, ќе ги намалат привилегиите на јавните функционери, со цел да се спречи злоупотреба на функцијата за лични цели, намалување на буџетските трошоци и зголемување на ефикасноста во вршењето на функцијата.

Владата посочи дека ќе предложи законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во законодавна, извршна, локална и судска власт

Дополнително, Владата ќе предложи покрај прочистувањето во правосудството да се создаде ефикасен систем на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој поранешен и актуелен функционер, по пат на систем што кој ќе ги земе предвид најдобрите ЕУ практики.

-Ќе поддржиме воведување на систем на електронско следење на предмети кои произлегуваат од претставки за корупција, a преку одлуки на Владата и Собранието ќе се грижиме одлуките на функционерите по сопствена оценка да бидат само во границите на неопходното и непреченото функционирање на органот на чие чело е функционерот, стои во програмата.

Уште во првата година од новиот мандат Владата најавува дека ќе донесе нова Стратегија за отворени податоци, која ќе постави јасни и повисоки таргети за транспарентност за сите институции и за нивните први луѓе.

-Нивно исполнување ќе биде услов за секој раководител (министер или директор) да ја задржи својата позиција, додаваат од Владата.

Отворени податоци, како што се посочува во владината програма, значат и едноставен начин за пристап до нив.

-Јавниот сектор ги има обете задачи: да ги отвори податоците за јавноста, но и да ги направи едноставни и униформирани за пристап. До 2024 година ќе обезбедиме единствен стандард за прикажување и пристапување до информациите на интернет страниците на институциите од јавниот сектор, вклучувајќи и стандарден начин за пребарување и нивна достапност за лицата со попреченост. Во првите шест месеци, ќе ги модернизираме веб-страниците на министерствата и Владата и ќе го зголемиме бројот и квалитетот на податоци. Пристапот ќе биде понатамошно развивање на т.н. активна транспарентност, стои во владината пограма.

Сите ЕЛС, како што посочуваат од Владата, кои ќе добијат средства од буџетот, ќе мораат да ги прифатат правилата на отвореност и отчетност доколку сакаат да ги искористат парите на граѓаните преку централниот буџет.

Владата ќе предложи измени во Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени листи уште при следните локални избори. Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните со нивните сограѓани, наместо силна врска и зависност само од политичките партии.

Најавена е и воведување зајакната анализа од страна на УЈП на приходите и расходите на нотарите/ извршителите која ќе биде основ за детални контроли, измени и дополнувања на нивните тарифници и длабинска контрола на незаконитите поврзувања во оваа, за граѓаните, исклучително осетлива дејност.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

May 16, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик продолжува со геноцидната реторика: Муслиманите во БиХ повторно сакаат војна; Сакаат да донесат џихадисти и да спроведуваат шеријатски закон; БиХ треба да се распадне

May 16, 2025
Фото: Укринформ

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk