Белоруските безбедносни сили употребиле водени топови против демонстрантите во западниот град Брест, јави Тасс, повикувајќи се на tut.bi.
Police in Brest have used water cannons https://t.co/adKgl1jPYl pic.twitter.com/jiDhdyDiHO via @nexta_tv
— Liveuamap (@Liveuamap) September 13, 2020
Според сајтот, по употребата на водените топови во центарот на Брест, полицијата почнала и да ги апси демонстрантите.
Сајтот, исто така, наведува дека неколку десетици лица биле приведени за време на протестот во Гродно. Покрај тоа, протестни митинзи и маршеви денеска се одржуваат и во голем број други белоруски градови, вклучувајќи ги Могилев, Барановичи и Витебск.
Во Минск се собрани повеќе десетици илјади демонстранти.
Во Белорусија од оддржувањето на претседателските избори на 9 август секоја недела се одржуваат масовни протести./МИА/