ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Благ пад на бројот на новозаболени од Ковид-19, Аеродром со најмногу активни случаи во Скопје

Надлежните апелираат да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да се носи маска, да се држи дистанца и да се дезинфицираат рацете. 

September 14, 2020 08:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Благо опаѓање на бројот на новозаболени со Ковид-19 се забележа во претходното деноноќие, кога беа регистрирани 98 случаи, од вкупно 1253 тестирања. Надлежните сепак повторно испратија апел граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство, вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791. Бројот на оздравени пациенти е 13.184, а на починати е 648.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959.

-Во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 17, Куманово – 13, Прилеп – 11, Тетово – 10, Струга – 5, Охрид – 3, Кавадарци – 4, Гостивар – 7, Гевгелија – 7, Кочани – 3, по двајца во Велес, Струмица, Крива Паланка, Виница, Делчево, Свети Николе и Ресен, и по еден во Битола, Пробиштип, Македонски Брод и Берово, соопшти Министерството за здравство.

Во болнички услови починати се две лица, и тоа пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).
Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден има регистрирано вкупно 56 оздравени пациенти. Од нив 19 се во Скопје, седум во Куманово, пет во Прилеп, три во Струга, по еден во Битола, Крива Паланка и Радовиш, седум во Гостивар, по тројца во Берово и Делчево и двајца во Свети Николе.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и пет мајки позитивни на Ковид-19, пет деца и пет  мајки суспектни на вирусот, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Скопје останува како град со најмногу заболени лица со Ковид-19. Во однос на скопските општини, најмногу новозаболени во текот на вчерашниот ден повторно беа регистрирани во Чаир, а потоа следуваат Гази Баба и Аеродром.

Според податоците на Министерството за здравство, вчера во Чаир беа регистрирани 52 случаи, во Гази Баба 76, Аеродром – 97, Карпош – 68, Центар – 75, Кисела Вода – 55, Ѓорче Петров – 27, Бутел – 35, Шуто Оризари – 12, Студеничани – 10, Сарај – 17, Арачиново – 8, Илинден – 12, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 2, Петровец – 4 и Зелениково – 1.

Надлежните апелираат да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да се носи маска, да се држи дистанца и да се дезинфицираат рацете.

Next Post

СЗО: Рекорден број на новозаболени со Ковид-19

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk