Во однос на најавената ревизија на пет проценти од судските предмети, на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, рече дека ако концептот биде по случаен избор, тогаш Судскиот совет и Советот на ЈО ќе издвојат случаи кои ќе бидат проверени.
– Но, исто така, посебно ќе се разгледуваат и оние случаи кои отскокнуваат од праксата или биле држени подолго време и не било постапувано по нив, што резултирало со застареност или пак се блиску до застареност, изјави Маричиќ.
Тој најави дека неделава ќе има средба со претседателката на ДКСК, на која ќе ги слушне нивните аргументи и очекувања за процесот на прочистување во правосудството.
– ДКСК досега покажа капацитет да постапува брзо и верувам дека ќе покажат и за оваа работа капацитет да постапуваат брзо, ефикасно и праведно. Секогаш ДКСК ќе наоѓа партнер во Министерството за правда и Владата за овој потфат, кој е многу важен за јавноста, изјави Маричиќ.
Ј. Ѓ.