ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Социјалниот дијалог е во интерес на сите чинители, продолжува соработката меѓу МОТ и МТСП

September 15, 2020 19:03
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска оствари средба со националниот координатор на Меѓународната организација на трудот Емил Крстановски, која е единствена и специјализирана трипартитна агенција на Обединетите Нации основана во 1919 година.

Оваа организација во рамките на својата структура и функционирање ги вклучува владите, работодавачите и работниците од 187 држави-членки, меѓу кои и Република Северна Македонија.

На средбата, министерката Шахпаска ги претстави приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, согласно Програмата за работа на Владата кои се поврзани со заштитата и остварувањето на работничките права. Притоа, ја нагласи потребата од понатамошна експертска и техничка подршка и помош на Меѓународната организација на трудот, особено при финализирање на новиот Закон за работните односи, како и останати стратешки документи за политики и прашања за пазарот на трудот и социјалниот дијалог.

Националниот координатор, Емил Крстановски се осврна на досегашната соработка и поддршка од Министерството за труд и социјална политика и ја нагласи важноста на членувањето во оваа организација за воспоставување на современи стандарди на трудот, кои се и треба да бидат дел од националното законодавство.

На средбата беше истакнато значењето на Економско – социјалниот совет, како значајно трипартитно советодавно тело на национално ниво, но и понатамошен развој на локалните економско – социјални совети и подршка во ратификување на конвенциите усвоени од Меѓународната конференција на трудот за кој процес министерката изрази подготвеност да продолжи и во иднина.

Во таа насока националниот координатор информира и за досегашните активности на имплементација на проектите за унапредување и развој на социјалниот дијалог, како што е проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, финансиран од ЕУ (IPA II) кој е во тек на имплементација.

Беше потенцирано и важноста на имплементација на Националната програма за достоинствена работа 2019-2022, која е потпишана од страна на Владата на Република Северна Македонија и социјалните партнери. На крајот на средбата министерката за труд и социјална политика и националниот координатор на МОТ, изразија подготвеност за понатамошна плодна соработка во интерес на работниците, а со тоа и на општеството во целина.

Next Post

Шахпаска: Заразеното дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември, на 14-ти дознале дека е позитивно

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk