ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Децата уште од прво одделение треба да се оспособат да препознаваат лажни вести

September 16, 2020 10:20
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование, Мила Царовска, во интервју за Мета.мк, ја посочува потребата од воведување на медиумската писменост во државниот образовен систем, пренесува КриТинк.

На прашањето дали во контекст на потребите за соочување со напливот на дезинформации има шанса медиумската писменост да се воведе како наставен предмет, или пак, да се распореди тематски во основното и во средното образование, министерката Царовска одговора:

Во ова Министерство, во план е да се направи нова концепција за основно образование. Јас сметам дека во тој дел доцна е ако вложуваме во средно или високо, туку треба идните генерации, почнувајќи од прво одделение, да научат што се лажни вести. Тоа влегува и во светот, во еден дел на дигитална писменост. Препознавањето на што е лажно, а што е вистинито. Сметам дека во таа концепција треба да влезе медиумската писменост. Можеби не како посебен предмет, но треба да провејува во сите предмети и да имаме една таква нишка – вели Царовска.

Министерката смета дека на ниво на носење јавни политики „тоа е едноставно за воведување како документ, но после тоа заеднички со граѓанските организиции и со високото образование треба најдеме начин како да оспособиме наставен кадар кој тоа добро ќе го пренесе на учениците“.

Според Царовска, спремноста за соочување со медиумските манипулации „треба да стане дел од интиуитивното реагирање кај секој иден граѓанин којшто сега го градиме низ образовен систем и создаваме личност која понатаму критички ќе мисли и ќе може да процени што е вистинито, а што не“.

Покрај другото, Царовска во интервјуто зборува и за подготвеноста на системот во вонредните услови поради борбата со пандемијата Ковид-19, на дваесетина дена пред стартот на новата учебна година, за можноста да се исправат грешките од минатото, како и за дигиталните вештини кои ги поседуваат наставниците

Во однос на проценката на МОН за моменталното ниво на дигиталните вештини кои ги поседуваат наставниците и професорите, министерката вели дека има големи индивидуални разлики во нивната подготвеност.

Многу е различно нивото. Тие се главна алка во системот. Во минатото не сме инвестирале многу во обуки на наставници. Тие сега може да се поделат во две групи – едните се проактивни и вложуваат во себе и во наставата, а другите не следеле новини во образовниот систем и на нив им е потешко. Но, сите заедно со една мотивација ќе успееме да извадиме максимум од потенцијалот што го имаме. Повозрасните помалку имале веројатно пристап до дигитални алатки, но секако имаат желба. Ќе има и отпор кон ново. Секој од нас е резистентен на некои новини, но полека но сигурно ќе ја менуваме насоката и ќе се прилагодуваме на новото време –  посочува министерката.

Целото интервју на министерката за образование и наука е достапно на веб-сајтот на агенцијата Мета.мк.

 

Next Post

Регистрирани 578 прекршоци за неносење маски

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk