ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Утре во Охрид средба Заев-Рама-Вучиќ, главна тема економската соработка во регионот

Инцијативата за воспоставување поинтензивна економска соработка на државите од Западен Балкан и најавуваниот договор т.н. „мал шенген“ се очекува да биде доминантна тема на разговорите во рамки на трилатералната средба на премиерите на Македонија и на Албанија Зоран Заев и Еди Рама со српскиот претседател Александар Вучиќ што утре ќе се одржи во Охрид

November 9, 2019 17:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Инцијативата за воспоставување поинтензивна економска соработка на државите од Западен Балкан и најавуваниот договор т.н. „мал шенген“ се очекува да биде доминантна тема на разговорите во рамки на трилатералната средба на премиерите на Македонија и на Албанија Зоран Заев и Еди Рама со српскиот претседател Александар Вучиќ што утре ќе се одржи во Охрид, пренесува МИА.

Најавеното присуство и на претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ на посебниот работен состанок оди во прилог на иницијативата за поблиска економска интеграција на земјите од регионот.

Дека главната тема на дискусија ќе биде економијата укажува и самиот протокол на утрешните активности кој предвидува по лидерската средба да се одржи пленарна сесија на државните делегации со претставници на меѓународни организации и институции, меѓу кои, Европска банка за обнова и развој, Регионален совет за соработка, Европска комисија, Светска банка и Европска инвестициска банка.

За договорот „мал шенген“ што е најавуван дека ќе стапи на сила во 2021 година позитивни сигнали испратија тројцата лидери, оценувајќи го како голем чекор напред кон поголема слобода на проток на капитал, стоки, услуги и луѓе, предуслов за поголем економски развој на регионот.

Премиерот Заев по средба на тројцата лидери во Нови Сад истакна дека економската соработка е во прилог на заложбите за развој на Балканот како регион што ќе биде почитуван на глобално ниво, конкурентен и привлечен за странските инвеститори.

Тој ги повика сите шест држави од Западен Балкан да се приклучат кон иницијативата за  отстранување на граничните бариери за бизнис и за слободен проток на стоки, луѓе, услуги и капитал нешто што, како што оцени, во крајна линија ќе го трансформира Балканот во регион на стабилност, посветен кон засилен економскиот развој, кон европската интеграција и кон подобрување на стандардите на граѓаните на сите држави од регионот.

Next Post

СДСМ: „На прав пат“ вечерва во Охрид

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk