ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Свесен сум дека не можеме сè да решиме, но тоа што ќе го ветиме треба да го испорачаме

-Се сеќавам кога Зоран Заев, врхушката од СДСМ за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година патуваа, шетаа низ нашата Македонија и ветуваа во Кочани дека ќе ги зголемеле цените за оризовата арпа, за оризот. Па велеа дека ќе имате загарантиран откуп, ќе имате цени по 25-50 денари и за оризовата арпа и за оризот. А, денеска во Кочани и кочанско луѓето велат јас немам намера ниту пак сакам повеќе да ја работам нивата, бидејќи не се исплати, вели Мицкоски.

November 9, 2019 18:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето од власта, кои треба да бидат пример како еден политичар да се однесува, денес водат политика на кради и бегај. Тоа е политиката на СДСМ и Зоран Заев. Јас сум свесен дека ние не можеме се да решиме. Но сакаме честито и чесно да кажеме, ние нема да ветуваме се, но тоа што ќе го ветиме, тоа и треба да го испорачаме, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ во Радовиш, пренесе МИА.

Мицкоски појасни оти е свесен за некои наши грешки од минатото, но подготвен е да ја прифати одговорноста и да научи од грешките од минатото, а потоа да понуди соодветни решенија за тие грешки.

-Се сеќавам кога Зоран Заев, врхушката од СДСМ за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година патуваа, шетаа низ нашата Македонија и ветуваа во Кочани дека ќе ги зголемеле цените за оризовата арпа, за оризот. Па велеа дека ќе имате загарантиран откуп, ќе имате цени по 25-50 денари и за оризовата арпа и за оризот. А, денеска во Кочани и кочанско луѓето велат јас немам намера ниту пак сакам повеќе да ја работам нивата, бидејќи не се исплати, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, Заев во Тиквешијата, Кавадарци и Неготивно ветувал дека ќе имало загарантиран откуп за грозјето по повисоки цени, ќе имало субвенции, па дополнителни стимулации, но денеска, како што додава, заборава на тие ветувања.

Во однос на постигнатиот договор меѓу МОН и СОНК, Мицкоски вели дека ова зголемување од 10 отсто е ништо во споредба со реалната состоја во којашто денеска требаше да бидат примањата на вработените.

Тој потсети дека Синдикатот во образование, наука и култура потпишале колективен договор со Владата, но тој договор изминативе три години не се почитува.

– Ќе ве потсетам Синдикатот во образованието, науката и културата потпиша колективен договор со Владата на Република Македонија и тој колективен договор изминативе три години не се почитува. Зошто? Затоа што постојат коефициенти, тие коефициенти се однесуваат на минималната плата и денеска наставниците во основното и средното образование доколку Зоран Заев и оваа влада го почитуваат колективниот договор требаше да бидат минимум 31. 250 денари, а да не зборуваме денеска за овие понижувачки трошки од 10 отсто, вели тој.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што појаснува Мицкоски, веднаш по формирањето од мај месец ќе се врати кон колективниот договор и почитување на истиот договор и платите на вработените во образованието, науката и културата ќе бидат согласно колективниот договор и ќе бидат поголеми од 10 отсто.

Мицкоски вели дека се зголемува бројот на младите кои ја напуштаат државата, и дека неговата партија има план и знае како да го промени тоа.

-Никој  со сила не го тераше Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и останатите да ги редат оние чевли пред Владата и да велат дајте го гласот за нас, и ние ќе ви ги вратиме децата. Ние имаме план и знаеме како тоа да го промениме. Стојам овде пред вас во Радовиш и ги слушам сведоштвата на луѓето додека проминував тука низ пазарот. Велат децата да ни ги вратите.  Не можам да ветам дека ќе ги вратиме децата, но можам да ви ветам дека ќе работиме 24 часа, ќе има многу пот, крв и солзи додека тие деца од прв до последен не успееме да ги вратиме назад, вели Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk