Првиот заменик премиер на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со неговиот косовски колега Бесник Тахири, а по разговорите тој истакна дека меѓу двете земји нема никакви отворени прашања и дека односите се одлични. Главни теми на средбата биле границите кои се затворени поради Ковид-19 и автопатот, како и размена на искуства.
-Разговаравме за пренос на најдобрите искуства од нашата земја во Косово и обратно, посебно во делот на интеграција на нашата земја во ЕУ, додека интеграцијата на Косово во НАТО и во ЕУ. Исто така разговаравме и околу пандемијата Ковид -19 и, јас, лично, се залагам за отворање на границите по примерот на границите помеѓу Албанија и Косово, затоа што Албанија и Косово никогаш не ги затворија границите и трансмисијата на заразата е минимална, додека придонесите за економиите на двете земји беа огромни посебно со последиците што ги носи пандемијата, рече Груби.
Од тие причини, додаде тој, со Косово, со Србија и со сите други соседи треба да ги либерализираме границите за нашите економии да може да функционираат послободно и поефикасно.
Груби изрази задоволство од посетата на Тахири, потенцирајќи дека верува оти тој ќе се ангажира за нашите билатерални односи на најискрен и најконструктивен начин затоа што е пријател на нашата земја.
Косовскиот вицепремиер Тахири истакна дека со Груби разговарале посебно за три теми и тоа секретаријатот што Владата во Приштина сака да го примени и да се стекнат со иксуствата коишто ги имаше РСМ во врска со тоа прашање, втората тема бил автопатот што треба да се гради и третата тема е поврзана со Ковид-19.