ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Приходите и расходите во буџетот согласно проекциите, четвриот пакет мерки нема да го зголеми долгот

September 17, 2020 09:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Четвртиот пакет економски мерки се подготвува, а неговата реализација нема да придонесе да се зголеми јавниот долг над проектираните 60 проценти од БДП. Финансирањето е стабилно. Приходите и расходите во Буџетот се согласно проекциите со ребалансот на буџетот.

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на вчерашната прес-конференција на која презентираше приоритетите во неговиот четиригодишен мандат како прв човек на Министерството за финансии.

-Нашата задача е и што побрзо да се вратиме на патот, кој ќе донесе солиден економски раст, достоинствени плати, создавање нови работни места и намалување на невработеноста, предвидлива даночна политика и генерално, европска иднина тука, за нашите граѓани, рече Бесими додавајќи дека на ова се обрзал пред Парламентот и кон себе лично кога прифатил да биде министер за финансии.

Уверен е дека успешно ќе биде завршена неговата мисија, но оценува дека нема да биде лесно.

-Состојбата е многу сериозна особено што е голема неизвесноста поради здравствената криза. Во првата половина од годината има реален пад на економската активност од 6,4 проценти. Согласно ребалансот кој е направен во мај приходите се скратени за 11,5 отсто во однос на иницијалниот буџет. Државниот долг на крајот на вториот квартал годинава изнесуваше 50,7 проценти од БДП. Зависно од проширувањето на здравствената криза можно е да има соодветна корекција на проектираниот економски раст во периодот што следи, но најважно е да ги заштитиме ранливите сегменти кај граѓаните и стопанството, истакна Бесими.

Како што истакна, приходите и расходите се реализираат во рамки на планираното. Заклучно со 15 септември реализација на расходната страна во Буџетот е 68,9 отсто и 65,5 проценти на приходната страна, а реализацијата на капиталните инвестиции е 41,2.

-Во наредниот период ќе настојуваме приходната и расходната страна да генерира стабилно финансирање на Буџетот. Една од причините за ваквата состојба на Буџетот е што се случи корона-кризата, имавме техничка влада и вонредна ситуација во која голем дел од проектите или не почнаа да се реализираат или имаше  застој. Низ целиот свет имаше административна забрана се затворија многу економски активности така се случи и кај нас. Тоа е еден дел од објаснувањето за општата ситуација гледано од тој аспект приходите сега, за сега се реализираат во рамките  на тоа што е планирано во проекциите, посочи Бесими и додаде дека минатиот месец, додаде, имавме за 17,1 отсто помалку приходи кај даночните приходи или за 13,9 отсто помалку од август минатата година. Во јули состојбата беше подобра.

Посочи дека се работи на четвртиот сет мерки и дека најдоцна до крајот на месецот ќе имаме предлог мерки кои ќе зависат од висината на чинење на пакетот на мерки, а средствата ќе се обезбедат најпрво со репрограмирање.

-Ќе одиме со репрограмирање на средства од проектите за кои со голема веројатност се знае дека нема да се реализираат до крајот на годината со цел да има ефикасно и оптимално алоцирани средства што се планираат. Соодветно од големината на пакетот ќе видиме колку ќе влијае на јавниот долг за кој имаме јасно дефинирана позиција да биде во рамките на стабилно финансирање на нашата економија, рече Бесими и додаде дека доколку се носи одлука за ребаланс тоа ќе биде до крајот на месецот.

Прецизира дека во рамките на постојниот  Буџет со планираните приходи и расходи се предвидува до крајот на годината да нема јавен долг над 60 проценти од БДП.

-Сега подготвуваме четврти сет  мерки и за да најдеме доволно средства  за негово финасирање ќе гледаме каде има можност за репрограмирање во постојниот Буџет од проекти за кои знаеме дека нема можност да се реализираат до крајот на годината. Доколку тоа не е доволно за реализација на целиот пакет во Буџетот и во рамките на сегашното планирање има простор за дополнителни задолжувања од 60 милиони евра на домашен пазар што нема да предизвикаат зголемување на буџетскиот  дефицит. Но, за тоа јавноста ќе биде информирана откако ќе се се дефинира сетот на мерки, потенцира Бесими.

Next Post

Триесет милиони заразени од Ковид-19 во светот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk