ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Актерката Владанка Димковска со видео колумна на FRONTLINE.MK

Да ѝ посакаме добредојде на актерката, интелектуалката и активистката Владанка Димковска! Со нетрпение ја очекуваме нејзината прва епизода FRONTLINE ACTION во текот на идната недела.

November 9, 2019 23:06
in FRONTACTION, ДЕНЕС, ФРОНТ
Владанка Димковска

Владанка Димковска

Share on FacebookShare on Twitter

Актерката Владанка Димковска започнува нов проект во FRONTLINE.MK или, како што самата го нарече: FRONTLINE ACTION, видео колумна со која ќе се појавува еднаш неделно на порталот. Камерата на најавата и на првата епизода, која е веќе снимена, е на Атанас Петровски, а продуцентка е Биљана Јордановска. Хаштагот за нејзиниот проект е #FrontAction или #ФронтАкција.

Видео колумните на познатата актерка, според најавата, ќе се однесуваат на сѐ што е актуелно во општеството, од родовите прашања до потребата за менување на системот во кој младите и нивните потенцијали ќе дојдат до полн израз.

„Наместо да се разочарам од реалноста дека сонот не се остварува толку лесно, ги засукав ракавите и почнав да работам на себе. Почнав да се надоградувам на сите полиња. Видов дека ме интересираат многу работи за кои не сум имала време, почнав да ги студирам луѓето, почнав да ги учам работите кои никогаш не сум мислела дека ќе ми требаат“ – изјави актерката Владанка Димковска во интервју за порталот Црно-бело.

Дипломира во класата на Златко Славенски на ФДУ, со претставата “Сината соба”. За кратко време станува успешна и препознаена кај публиката и критиката. Ги сака самостојните проекти на театарската сцена, а пошироката публика ја помни и по „ТВ Бокс“, прво театарска претстава, а потоа и серија што се емитуваше на ТВ Телма. Неодамна, маестрално ја одигра и својата улога во монодрамата „Прво лице еднина“ во Кумановскиот театар, во режија на Драгана Гунин.

„Наше е кој пат ќе го одбереме. Ние мораме да бидеме свесноста на општеството, да го менуваме и да го обликуваме и тоа не смееме да прекинеме да го правиме. Затоа мислам и силно верувам дека театарот може да влијае на политиката на една држава“ – вели Димковска во споменатото интервју.

Владанка е на постдипломски студии по политички науки. Како уметница, таа во целост ја разбира и ја прифаќа одговорноста на интелектуалците во општеството и е гласна активистка за човекови права.

Да ѝ посакаме добредојде на актерката, интелектуалката и активистката Владанка Димковска! Со нетрпение ја очекуваме нејзината прва епизода FRONTLINE ACTION во текот на идната недела.

FRONTLINE.MK

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk