ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Во Неапол, Пандев испратен со аплаузи, Инсиње исвиркан

Во „Македонското дерби“ од италијанското Калчо, што се играше на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, екипите на Наполи и Џенова изиграа без голови. Мечот од првата минута го почна и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, а Елиф влезе во игра во 66 минута

November 10, 2019 01:24
in СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во „Македонското дерби“ од италијанското Калчо, што се играше на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, екипите на Наполи и Џенова изиграа без голови. Мечот од првата минута го почна и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, а Елиф влезе во игра во 66 минута.

Играта беше бледа и под нивото на игрите на калчолигашите. После слабите игри последователно во неколку меча и проблемите во клубот на Наполи, можеби и не се очекуваше ништо повеќе, но она што ја шокираше фудбалската јавност секако е моментот кога во 66 минута при замена на капитенот Лоренцо Инсиње со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Инсиње беше исвиркан од публика на „Сан Паоло“.

И Инсиње не им остана должен  и со една непримерна гестикулација за капитен (ги поттикнуваше свирежите), го напушти теренот. Од друга страна пак, во 80 минута од натпреварот кога беше заменет Горан Пандев, како поранешен играч на Наполи, беше испратен со громогласен и долготраен аплауз од публиката во Неапол која со тоа му оддаде почит за неговите игри во дресот на Наполитанците.

Инаку Лоренцо Инсиње за игрите и фудбалското умеење на нашиот Елмас, во една прилика ќе рече:

За Елмас јас немав поим ни кој е, ни што е. Не знаев ама баш ништо. И кога го видов експресно ме импресионираше. Толку млад, а веќе игра зрело и има толку многу квалитети, што е фантастично.“

Со ова реми, Наполи е на седмата позиција во Калчо лигата со минус 12 бода од водечкиот Интер, а Џенова со само 9 бода моментално е на седумнаесетото место.

Останува прашањето дали екипата на Наполи ќе успее да ги надмине проблемите и ќе се соземе пред дуелот од Лигата на шампионите на Енфилд со екипата на Ливерпул што се игра после репрезентативната пауза.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Берлин - градот на слободата

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk