ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанушев во Антикорупциска пријавил 4 стана во Скопје, куќа во Охрид и два автомобили

September 19, 2020 18:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новите пратеници во Собранието до Државната комисија за спречување на корупцијата ги доставија анкетните листови за имотната состојба со која влегуваат во четиригодишниот мандат. Дел од пратениците и порано вршеле државни функции, па на веб страницата на Комисијата можат да се најдат и нивните стари анкетни листови. Увид во имотот на пратениците направи порталот кои потекнуваат од Велес или се кандидирани во третата изборна единица, пишува  batali.net.

Убедливо најбогат велешки пратеник е Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ (или неговата сопруга) кој во анкетниот лист за имотната состојба навел дека тој и сопругата имаат имот во вредност од 300.000 евра или  четири стана во Скопје, куќа во Охрид и два луксузни автомобили.

Целиот имот е во сопственост на сопругата на Јанушев, освен еден стан, кој е заеднички имот и еден автомобил, кој е единствениот имот што го поседува 36-годишниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ. Тој и неговата сопруга двата стана ги стекнале во две години – два во 2009 и два во 2012 година. Тие две години се најплодните за ова семејство, бидејќи прво во 2009 година добиле на подарок еден, а купиле уште еден стан, а истото тоа им се повторило и три години подоцна.

На веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) можат да се најдат два анкетни листови за Јанушев – еден кога бил директор на ЈСП Скопје и уште еден сега, кога стана пратеник во Собранието. Споредувајќи ги двата анкетни листови, се забележува дека заминувањето на ВМРО ДПМНЕ во опозиција не влијаело на тоа, Јанушеви да не ја зголемат својата имотна состојба.

Токму во 2017 година, Јанушев купува автомобил Лексус произведен 2013 година, кој го проценува на 15 илјади евра, а две години подоцна неговата сопруга се подновува со нов, луксузен Нисан Кашкаи од близу 24 илјади евра. Оваа 2020 година семејството Јанушеви добива уште еден подарок – куќа во Охрид од 50 м2, подарен на сопругата на Јанушев.

Целиот текст за имотната состојба на пратениците во македонското собрание, можете да го прочитате на batali.net.

Инаку, Јанушев се сомничи за злоупотреба на службената положба при набавката на двокатните автобуси од кинеската компанија Јутонг во случај на СЈО.

Next Post

Меркел: Пандемијата ја истакна потребата од дигитализирање на училиштата

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk