ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се влошува состојбата со Ковид-19, можни нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека деновиве ќе информираат за новите мерки што се планираат согласно стратегијата која е развиена од Комисијата за заразни болести.

September 23, 2020 07:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
foto: GEORGI LICOVSKI

foto: GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со Ковид-19 станува се полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени, а според надлежните главната причина за ова е непочитувањето на мерките. Токму затоа, можно е воведување на нови рестрикции, а најмногу се размислува за  задолжително носење маски на отворено, ограничување на бројот на лица на одредени места, но и засилени контроли и казни.

Главната причина за зголемување на бројката, според анализите на надлежните, се должи на непочитување на мерките и тоа пред се групирање, семејни собири, прослави и свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека деновиве ќе информираат за новите мерки што се планираат согласно стратегијата која е развиена од Комисијата за заразни болести.

Задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави во затворени простори, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, односно за бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз се дел од мерките кои се разгледуваат.

 

Карантиот, појасни министерот, не го планираат и се надеваат дека нема да стигнеме до таму, и затоа мерките се помеки.

Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат.

Според Филипче, апсолутно е недозволиво покрај сите најави за ризиците што ги носи овој период значителен дел од граѓаните и понатаму да не ги почитуваат и да ги прекршуваат мерките. Недозволиво е како што рече, и сериозен дел од бизнисите, пред се од угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки.

-Да ги почитуваме мерките и да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптоварени и изморени здравствени работници кои заради зголемениот број пациенти нема да можат да пружат соодветна нега и грижа. Да ги почитуваме мерките, бидејќи тоа значи истовремено и почит кон здравствените работници, порача вчера на прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

Појасни дека иако во моментот вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем. Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, потенцира, уште на почетокот на летото го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри.

И покрај можните ризици, сепак останува препораката училиштата да почнат со работа. За дневниот престој, се чекаат конечните бројки од МОН.

-Засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа. Ако го следиме функционирањето на градинките, секојдневно практично ги пратиме бројките и епидемиолошките мини случувања во однос на појава на мини кластери во рамките на поединечни општини за во таа смисла да може да интервенираме или да дадеме дури и некоја таргетирана препорака во некој еден одреден дел од земјата. Значи, не на територијата на целата земја и тоа не само врз основа на бројката, туку и врз основа на епидемиолошките податоци, односно како тие луѓе се заразиле, кои биле контактите итн, рече Филипче.

Ковид-19 е се поприсутен меѓу работноспособното население, а најголем број на заболени имаат над 60 години.

 

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 88 случаи на заболени со Ковид-19, од вкупно 1618 тестирања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867. Оздравени се вкупно 14084 пациенти, а починале 705. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078, најмногу во Скопје 564, во Куманово 215, Тетово 134 и во Прилеп 119.

Во болниците од Ковид-19 се лечат 341 пациент, од кои 43 се на кислородна поддршка, а четворица се на респираторна машина.

Next Post

Централен регистар: „Не постојат компании регистрирани по етничка основа“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk