ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ИЈЗ: Раст на бројот на заболени и починати од Ковид -19

September 23, 2020 16:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, и регистрирано е зголемување од 15,7 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани. Во истиот период, во 16 града, бројот на новодијагностицирани е под 20. Кога ќе има вакцина против Ковид 19 за сите? Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 9,8 отсто или 1,4 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, голем број заболени се регистрира и кај лицата од 50 до 59 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0-9и од 10 до 19 години.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени регистрирани се 80 односно, 8,4 отсто хоспитализирани што е намалување од 37 отсто споредено со минатата недела.

Од вкупниот број нови случаи во периодот од 14 до 20 септември, 313 (32,9 отсто) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 33 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела. Инаку според резултати до вчера во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19, вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.

Next Post

Обвинувања на Твитер: Д-р Вело Марковски, новиот член ИК на ВМРО -ДПМНЕ сексуален предатор?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk