ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Проектот „Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019“ значаен за реформите во правда

Целта на овој проект е да се зајакне одговорот на земјите од Западен Балкан во борбата со сериозниот криминал и тероризам, преку зајакнување на соработката на државите од регионот, но и со ЕУ институциите како Европравда, Европол и други, се наведува во соопштението.

September 23, 2020 18:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на соработката на проектот „Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан – ИПА 2019“, министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со Станислав Пинтар – резидент ЕУ јавен обвинител, Елиса Дибало – резидентниот ЕУ полициски експерт и Мила Станковиќ – национален правен советник.

Како што соопшти Министерството за правда, овој проект е кофинансиран од страна на Европската комисија и владите на Германија и на Италија, а се спроведува од страна на германската Агенција за меѓународна соработка (ГИЗ), холандскиот Центар на меѓународна правна соработка (ЦИЛЦ) и италијанското Министерство за внатрешни работи.

Целта на овој проект е да се зајакне одговорот на земјите од Западен Балкан во борбата со сериозниот криминал и тероризам, преку зајакнување на соработката на државите од регионот, но и со ЕУ институциите како Европравда, Европол и други, се наведува во соопштението.

Според Министерството за правда, на состанокот се разговараше околу процесот на изградба на ефикасна мрежна поврзаност и соработка на државите од Западен Балкан, како и за интероперабилноста на институциите на земјите во регионот со што би се овозможила поефикасна борба против сериозниот криминал.

– Воедно, на состанокот се дискутираше и околу значајноста на донесувањето на новиот Закон за меѓународна соработка во кривична материја, кој ќе овозможи поефикасна меѓународна соработка во делот на борбата против криминалот. Министерот Маричиќ се заблагодари за поддршката овозможена преку проектот и истакна дека сите елементи на владеењето на правото се значајни, но дека борбата против организираниот криминал и корупцијата е можеби најзначаен елемент за Северна Македонија, се додава во соопштението./МИА/

Next Post

Во Грција ќе се апсат оние кои го поттикнуваат „Движењето против употреба на маска“

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk