ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Верувам дека со Бугарија ќе најдеме решение со кое двете страни ќе бидат среќни

September 25, 2020 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека со Бугарија ќе се најде решение со кое двете страни ќе бидат среќни и рече дека Бугарија ги поддржува евроинтегративните процеси на земјава.

-Верувам дека ние како премиери, така и нашите министри ќе водат грижа дека на крајот треба да се договориме и да најдеме решение каде што двете страни ќе бидат среќни, ќе продолжиме низ самите тие решенија да го унапредуваме и зацврстуваме пријателството и добрата соработка меѓу двете земји, рече Заев.

Повтори оти планира првата официјална посета како премиер во вториот мандат да ја направи на Бугарија.

-Бугарија ни е голем пријател и секако мораме да бидеме и внимателно поставени и пријтелски поставени со оглед на околностите, таму граѓаните изразуваат незадоволство пред бугарскиот Парламент и нашата намера за средба е отворена во зависност од тоа кога ќе се создадат услови. Ние не сакаме да предизвикаме никаква непријатна ситуација или раздазливост заради тоа што таму се отворени други теми кај граѓаните. Како што и тие беа внимателни кај нас имаат трпение да завршат изборите, оцени Заев.

Истакна дека во следниот период, не подоцна од Берлинскиот процес, каде што сме домаќини, Северна Македонија и Бугарија во Софија, ќе може да оствари средба со Борисов.

-Јас реков дека сакам мојата прва официјаллна посета да ја направам на Софија. Првиот мандат почнав со прва официјална посета на Бугарија, пријателска Бугарија и се донесоа крупни сериозни одлуки за иднината на Република Северна Македонија, така во духот на тоа пријателство, верувам дека ќе имаме добар почеток и на работењето на новата Влада. Потпретседателот и министер за одбрана Каракачанов на сите средби е со изрази на наше пријателство. Јас верувам дека ќе водиме грижа за тоа пријателство. Нашиот пријател во бугарскиот народ е голем поддржувач на европската иднина на Република Северна Македонија, оцени премиерот Заев.

Заев потсети дека на софискиот самит Борисов бил најсилен поддржувач фокусот на Европа да се сврти кон Западен Балкан, лобирал во Европскиот совет за добивање почеток на преговори, како и придонел да се донесат други договори на Балканот. Изрази надеж дека економската соработка со Бугарија ќе се продлабочи.

-Борисов лобираше за сите тие финансиски средства кои ни доаѓаат од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, од ИПА компонентите, како и многу инвестиции што влегоа од Бугарија во Република Северна Македонија, но тоа може да биде уште многу повеќе заради економската соработка, рече премиерот.

Next Post

МТСП: Во тек е третата дополнителна исплата на права од социјална и детска заштита за август

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk