ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Фокус ќе ставиме на економијата, таа е она што носи добро за секој еден граѓанин

September 25, 2020 19:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во наредниот четиригодишен мандат ќе се посвети во најголем дел на економијата бидејќи тоа е нешто што ќе донесе подобар живот и стандард за секој еден граѓанин, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи. Етничкиот клуч за вработување во приватниот сектор, додава, не одговара на модерна, развојна и конкурентна секономија, туку за тоа е најважна компетентноста и професионалноста.

Тој во емисијата Трилинг на ТВ 24 истакна дека во владината програма на страна 39, параграф 3, стои дека Владата ќе се осигура да креира афирмативни мерки за различните категории граѓани со различности во нашата економија, но, како што потенцира, ако заедно утврдиме дека како Влада не сме направиле доволно.

-Но, клуч по етничка основа не може да биде клуч кој што одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку компетентноста и професионалноста  е клучот за сето тоа, рече вицепремиерот Битиќи.

Нашиот мандат, односно мандатот на оваа Влада во наредните четири години, потенцира тој, е да се фокусира на „економија, економија и економија“ затоа што, како што рече, тоа ќе донесе подобар живот за секој еден граѓанин во Македонија.

Тој најави дека ќе има ребаланс на Буџетот поради новиот пакет антикризни мерки и оти државата повторно ќе се задолжи.

-Ребаланс секако треба да има, затоа што ние спремаме нов пакет на економски мерки, затоа што е тоа потреба на граѓаните, тоа е потреба на економијата за справување со економските последици од корона вирусот, рече Битиќи.

Според него, на задолжувањето на државата не треба да се гледа само низ процентуалната задолженост, туку оти е клучно дали со задолжувањето ќе се решаваат проблеми на граѓаните, дали средствата ќе се лоцираат токму таму каде е најпотребно или средствата од задолжувањето ќе се користат за непродуктивни и неефикасни трошења. Тој е уверен дека државата е во состојба да ги враќа и старите долгови и оние поновите.

-Велам да. Ќе може да се враќаат кредитите. Пред некој ден имавме дебата меѓу ресорните министри и заклучокот е едноставен. Има задолжувања со историски највисоки каматни стапки во изминатиот период. Денеска на меѓунардниот финансиски пазар има за пет пати поефтини кредити. Било кој и најнеук да е и да го водел само своето семејство, ако некој му каже дека има поефтини пари наспроти тие кои завчера, ќе ги земе поефтините за да ги рефинансира постоечките, затоа што заштедата ќе му овозможи да реши одредени проблеми, рече тој.

Според вицепремиерот, доколку денеска се направат две такви операции ќе се заштеди онолку колку ќе не чинат субвенцинирање плати во приватниот сектор за три месеци./MИА/ 

Next Post

Ковид-19 во светот: Во Италија задолжително носење маски и на отворено заради зголемениот број заразени, Индија руши црни рекорди

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk