ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Њу Јуроп“: Италија ја зајакнува својата улога на Западниот Балкан

Конте потенцира дека Северна Македонија покажала храброст во решавањето на отворените прашања, што веќе и го отвори патот за членство во НАТО. Тој сепак нагласи дека италијанската поддршка не значи прием на земјата во ЕУ веднаш, објаснувајќи дека тоа ќе се случи дури по целосно завршувањето на преговорите по сите 35 поглавја, наведува „Њу Јуроп“.

November 11, 2019 13:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Самитот на ЕУ за замрзнување на разговорите за проширувањето на Унијата, со што се одложи стартот на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, ја доведе Италија во позиција да се наметна како главен промотор на приемот на земјите од Западен Балкан во блокот, оценува магазинот „Њу Јуроп“, пренесе МИА.

Бриселскиот весник потсетува дека на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Рим на 29 октомври, шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте потенцира дека Италија цврсто ќе ја поддржува Северна Македонија и ќе работи на пронаоѓање формула за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Конте потенцира дека Северна Македонија покажала храброст во решавањето на отворените прашања, што веќе и го отвори патот за членство во НАТО. Тој сепак нагласи дека италијанската поддршка не значи прием на земјата во ЕУ веднаш, објаснувајќи дека тоа ќе се случи дури по целосно завршувањето на преговорите по сите 35 поглавја, наведува „Њу Јуроп“.

Од друга страна, додава весникот, новиот претседател на Европскиот парламент, Италијанецот Давид Сасоли ја избра Северна Македонија за дестинација за негова прва официјална посета надвор од ЕУ. Сасоли ја посети Северна Македонија на 4 и 5 ноември, каде се сретна со Заев, претседателот Стево Пендаровски, спикерот на Парламентот, Талат Џафери и со други владини претставници. Слична посета на Сасоли е најавана и за 2 и 3 декември и тоа на Албанија, потсетува весникот.

„Њу Јуроп“ оценува дека Сасоли се обидел да му даде „позитивна светлина“ на ќорсокакот околу проширувањето на ЕУ, окарактеризирајќи го како „мала пречка“.  – Ние имаме заедничка судбина и една мала блокада не е доволна да ги запре нашите намери кон вас, чија цел е Северна Македонија да стане членка од Европската Унија. Постои разочарување, но ние треба да имаме голема доверба и надеж, ги пренесува весникот пораките на Сасоли од Скопје.

Весникот натаму нагласува дека Европскиот економски и социјален комитет усвои строго предупредувачка резолуција на 31 октомври во која изразува „длабоко разочарување од неуспехот Европскиот совет на 17 и 18 октомври да донесе одлука за датум за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија“. Претседател на Комитетот е Лука Јахиер, италијански новинар, потенцира „Њу Јуроп“.

– Аналитичарите се прашуваат дали италијанскиот интерес за поддршка на проширувањето е одраз на потрагата по поголеми економски можности, особено во енергетскиот сектор, или пак се работи за некои други фактори. Тие, исто така, се прашуваат дали сегашната италијанска поддршка ќе продолжи и во случај на промена на власта (во Рим) и ако Матео Салвини ја преземе должноста (италијански) премиер, имајќи ја предвид неговата претходно изразена наклонетост кон тврдокорниот националист Никола Груевски, поранешен премиер на земјата, кој сега ни е позната како Северна Македонија, наведува весникот.

Според „Њу Јуроп“, зајакнатата италијанска улога на Западен Балкан може да се објасни со мноштво фактори, но се чини дека таа пред се должи на историската поврзаност на Италија со Албанија и Албанците, што е разбирливо бидејќи Рим долго време мораше да се справува со проблемите со трговијата со луѓе и шверцот на дрога од оваа земја.

Во случајот со Северна Македонија, смета весникот, Италија и италијанските претставници во Брисел можеби гледаат подолгорочна перспектива поврзана со бројното албанско малцинство во земјата. –  На долг рок, изградбата на италијанскиот мост со албанските заедници на Западен Балкан би можело да се исплати, бидејќи останува тешко да се предвиди како и кога ќе бидат укинати границите што ги раздвојуваат големите албански заедници и држави, ако тоа некогаш и се случи, оценува „Њу Јуроп“.

Во текстот се наведува дека на сегашниот интерес на Италија за регионот може да се гледа и од аспект на традиционалната поделба на сферите на влијание, имајќи предвид дека е тешко да се предвиди политичкиот баланс меѓу Франција и Германија во Југоисточна Европа, особено ако и кога ќе се случи брегзитот.  Според весникот, од друга страна позицијата на Грција е длабоко поткопана со нејзиното трошење енергија околу споровите во Егејското Море, Кипар и бегалската криза.

– Сето тоа го остава теренот отворен за Италија, заклучува „Њу Јуроп“.

Next Post

Ќе пропадне ли судскиот процес за сообраќајката кај селото Ласкарци?

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk