ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адвокатката на Јанкулоска: Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура

September 29, 2020 15:38
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг основ од Законот за извршување на санкции.

-Знам дека со  ваквата изјава нема да се промени ништо, тоа е завршена работа. Јанкулоска во  текот на вчерашниот ден  некаде околу 15 часот ја примила одлуката на  Врховниот суд,  која  што ни бранителите ја немаат се уште примено, и  само после десетина минути  се  појавиле полициски службеници коишто и кажале дека мора да тргне со нив  за да биде однесена на издржување на казната во затворот Идризово, изјави Алексиќ денеска пред Кривичниот суд.  

Додаде дека Јанкулоска во текот на  вчерашниот ден нема примено  упатен акт  со којшто  би била запознаена  со терминот кога треба да се  јави  добороволно и да се подготви за  одењето во  затворот во Идризово. 

-Ние немаме правно средство сега на  кој начин да  реагираме на  она што веќе е направено во текот на вчерашниот  ден. Ќе можевме да реагираме  доколку и се врачеше  упатен акт  со можност за  мобла за одлагање по некои од другите основи  коишто се предвидени  во  Законот за извршување на санкции, рече Алексиќ. 

Јанкулоска, додаде Алексиќ, секако знаела дека ќе треба да се јави на  издржување на затворската казна  во  затворот Идризово, меѓутоа имала и можност да  побара одлагање на издржување на казната според Законот за  извршување на санкции.  

-Значи имаше еден упатен акт  добиено,  и истата со лична молба  се  обрати поради возраста  на  нејзиното дете да биде одложено  издржувањето на казната.  Освен тој упатен акт  којшто беше со конкретен датум друг упатен акт нема добиено. И во тоа јас како нејзин бранител ја гледам повредата на нејзиното право, рече адвокатката Алексиќ и додаде дека во овој  момент се непријатно изенадени заради прекршувањена нејзините права. 

Гордана Јанкулоска беше осудена на шест години, заедно со поранешниот премиер Никола Груевски кој доби две години за поттикнување на кривично дело, а заменикот министер Ѓоко Поповски доби шест години за злоупотреба на службена должност. Апелацискиот суд и ја намали казната на Јанкуловска на четири години.

Next Post

Битиќи: Најмалку 145 милиони евра досега завршија кај стопанството

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk