ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Прва јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион

Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина се многу важни документи за заштита на Охридскиот регион, бидејќи со нив се дава насоки за идниот просторен и урбан развој, за користењето на природните ресурси, за заштитата на пределот, за значајните живеалишта и видови, како и за квалитетот на водата, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прва јавна расправа за Охридскиот регион што се одржа во Скопје

November 11, 2019 16:51
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина се многу важни документи за заштита на Охридскиот регион, бидејќи со нив се дава насоки за идниот просторен и урбан развој, за користењето на природните ресурси, за заштитата на пределот, за значајните живеалишта и видови, како и за квалитетот на водата, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прва јавна расправа за Охридскиот регион што се одржа во Скопје, пренесе МИА.

На дебатата беше истакнато дека работна група составена од експерти од повеќе надлежни институции, во изминатиот период посветено работела на имплементација на препораките од УНЕСКО во насока на зачувување на статусот на светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

-Материјалите што се ставени на јавна расправа во работна верзија до почетокот на декември ќе бидат достапни за јавноста на веб-страниците на Министерството за култура и на Министерството за животна средина и просторно планирање, при што апелирам сите заинтересирани релевантни чинители да се произнесат со свои забелешки. Оние коментари што ќе се прифатат, ќе бидат вградени во Нацрт-планот, по што тој ќе биде доставен до Владата на Република Северна Македонија на разгледување и усвојување, рече министерот за култура Хусни Исмаили и додаде дека во меѓувреме Нацрт-планот е испратен и до УНЕСКО за доставување забелешки.

Тој потенцираше дека со изработката на Планот за управување се создава национална платформа за управување со исклучителните вредности на Охридскиот регион како светско наследство, а со неговата имплементација ќе се осигури интеграција на културното наследство во современите економски цели со заемно разбирање и одржлив развој и унапредување на исклучителната вредност како еден од главните потенцијали на препознатливост на Регионот на картата на светот.

Министер без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми посочи дека нивна цел е да се овозможи одржлива и хумана урбанизација, која нема да дозволи нарушување на културниот пејсаж и уништување на природните ресурси.

Освен изработката на Планот и Стратегиската оцена на животната средина од страна на Владата на Република Северна Македонија и Националната комисија за УНЕСКО, како што истакна Адеми, веќе се одвоени 180 милиони денари за санација на најкритичните точки на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

-Од нив 130 милиони денари се за исплаќање на долговите на претходната локална компанија „Проаква“ а уште 50 милиони денари се предвидени за санација на најкритичките точки, со цел да се влијае на квалитетот на водите во езерото, а со тоа и на целиот жив свет во него, рече Адеми.

На јавната расправа беше презентиран Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019 – 2028 година, а излагања имаа и  државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, како и Зоран Павлов од Комисијата за управување со културното и природното наследство на Охридскиот регион.

Петровска одговарајќи на новинарско прашање рече дека плажите во овој регион се дефинирани како посебна заштитна зона и бидејќи тие навлегуваат во катарската парцела Охридско Езеро добија посебен третман. – Ќе се работат со посебна урбанистичко планска документација откако ќе се изработи план од државно значење којшто ќе го вклучи целото крајбрежје се со цел да се спречи понатамошна крајбрежна трансформација. Во делот на плажите изработени се сет мерки со кои ќе се овозможи да се зачува природното и културното наследство, додаде таа.

Во Акцискиот план, како што рече, се обиделе да направат разграничувањата помеѓу краткотрочните и долгорочните мерки.

Покрај денешната јавна расправа во Скопје што се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство, предвидено е да се одржат уште две дебати во Охрид и Струга.

Next Post

Герберих: Со Франција се усогласуваме за политиката за Западен Балкан

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk