ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Од изолирана земја зависна од еден коридор, се интегрираме во енергетски проекти и можности за инвестиции

October 2, 2020 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години.

Ова го истакна премерот Заев по денешната средба во Скопје со  помошникот државен секретар за енергетика на САД Францис Фанон, а која е континуитет на средбите што премиерот заедно со делегација од земјава ја имаше пред две недели во Грција за време на конференција на која присуствуаше и американскот државен секретар Мајк Помпео.

– За време на посетата во Атина добивме поддршка од конзорциумот Гастрејд за вклучување во изградба на терминалот за течен приорден гас во близина на Александропулос. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес, рече Заев.

Според премиерот ова поврзување е значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан.

На средбата, како што соопшти, е разговано и за повторно ставање во функција гасоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 гдина и кој не е во функција од 2013. Претстојат преговори со Хеленик петролеум и се надевам ќе изнајдеме пријателско решение за овој капацитет да биде ставен во функција брзо. Хеленик петролеум е заинтересирана да го стави во функција и да го надгради како продуктовод на деривати и на тој начин ќе биде создаден хабцентар и освен домашниот би се снабдувале и пазарите на другите земји од регинот.

Како што потенцира премиерот овие проекти  на нашата земја ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, незавсност и конкурентни цени што е во согласност со нашата дологороча енергетска стратегија.

– Ова повзување со Грција со поддршка од САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години. Од земја што беше ставена на последниот, изолиран и маргинален  енергетскит колосек и која беше ставеа во ситација да биде зависна од само еден коридор, сега е интегрирана во енергеските проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување, рече премиерот.

Тој додаде дека отвораме нова ера на соработка со нашите партнери САД и другите земји членки на НАТО, во регионот Грција, Бугарија и Албанија, но и перспективи и за инвестиции на компании од областа на енергетиката.

Премиерот Заев соопшти дека изградбата на интерконекторот меѓу Северна Македонија и Грција чини 54,4 милиони евра, каде маме 13 милиои грант од ЕУ преку Берлински процес, што опфаќа проектирање, изведба надзор, инспекциското тело и менаџментот.

Next Post

Панел „Проширувањето на ЕУ – Quo vadis ?“: Проширувањето треба да ја зајакне, а не да ја ослабе ЕУ

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk