ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) „Пајак“ офанзива во Аеродром, Скопје

October 2, 2020 13:29
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во близина на Транспортен центар на улица Симеон Кавракиров во Аеродром, Скопје, имаше масовно отстранување на автомобили од страна на пајак служба.

Пајак службите на неколку наврати ја повторуваа акцијата и ги отсранија сите возила непрописно паркирани покрај коловозот и на тротоарите.

Од она што може да се забележи и на снимките, Пајак службата со 4 возила истовремено, ги острануваше возилата кои беа паркирани.

Локалните жители велат дека добро е што се прави ред и се ослободуваат тротоарите, но велат дека тоа не е решение зашто тие возила се претежно од граѓаните кои живеат во околните згради, и немаат свои паркинг места зашто некои згради се постари градби.

– Овде главниот проблем не се возилата покрај патот, проблемот е што улицата е тесна и безтоа, а прометот на коли е многу интензивен, многу често и се вози со голема брзина, а посебно се прави невидена гужва во утринските и попладневните часови кога одат луѓето на работа, велат граѓаните.

Тие истакнуваат дека решение би било улицата од потегот покрај  О.У. Блаже Конески до Транспортен центар да сообрајќа во еден правец, а го спомнуваат и просторот во близина на маркетот „Стокомак“ како алтернативен паркинг, кој би го решил проблемот со паркирање на возилата.

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 305 возила од јавните површини во Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 35 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 270  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 356 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 35 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето, информираат од Град Скопје.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Северна Македонија станува регионален дистрибутер на природен гас

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk