Полицијата го пронајде момчето кое пред неколку денови пукаше со калашников и видеото го објави на социјалната мрежа „ТикТок“. Станува збор за 18-годишен арачиновец, во чиј дом, полициски екипи извршиле претрес. Тој бил однесен во станица, но поради тоа што истрагата е во тек, од МВР не откриваат чија сопственост е оружјето кое се гледа на снимката, објави А1 он.
Зашто ширење паника ова е само 40тото видео каде што го објавувам бидејќи лица пукаат со оружје…?
Се молиме ние обичните смртници да не залута нешто накај нас…?️
Дами и господа Енис Ајдини во полна пареа : pic.twitter.com/IHhHKGRAHU— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) September 28, 2020
„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје при Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје извршија претрес во дом и други простории на Е.А. (18) од Арачиново, скопско, кој на социјалната мрежа TикToк објавил видео како пука со автоматско оружје. Извршен е разговор со Е.А. во полициска станица и се работи на расчистување и документирање на случајот“, велат од МВР за „А1он“.
На видеото може да се забележи дека момчето пука од автоматско оружје во близина на мало дете кое кратко време стои зад него.
Претходно, веднаш откако момче објави видео како пали шуми, МВР постапи и го приведе малолетникот од скопското село Мојанци кого го гонеше за кривично дело предизвикување општа опасност.