ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски вети надминување на проблемот со дотраениот мост на Вардар кај Башино село

October 3, 2020 16:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Санацијата на дотраениот  мост на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес од Скопје и изградба на нов, е меѓу темите на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

-Ќе добијам информации за состојбата на мостот и веднаш потоа ќе ги преземеме сите неопходни мерки за надминување на проблемите. Можам да кажам дека секој проблем кој ги таргетира граѓаните е прашање коешто ние мораме и е вредно за размислување, но и да бараме начин и решение да го надминеме. Проблемите на граѓаните се наши проблеми кои треба да ги решиме, потенцира Бочварски, во одговор на прашање од МИА далинаскоро ќе се санира постоечкиот дотраен мост кај Башино село.

Градоначалникот Коцевски информира дека има список од десет теми за кои ќе разговара со министерот Бочварски, а една од поважните теми е и санацијата на дотраениот  мост на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес од Скопје.

-Сега е време кога се подготвуваат и пограмите и буџетот за следната година  централниот и на ЈП за државни патишта, а како најприоритетен проект за Општина Велес да биде и  мостот на Вардар кај Башино Село кој е во сериозно лоша состојба, рече Коцевски.

Тој предупреди дека доколку се случи да се урне или стави вон употреба, тоа ќе значи дека целокупниот товарен  сообраќај ќе мора да поминува низ централното градско подрачје.

-Ние имаме готов проект кој е предаден во ЈП за државни патишта и останува како велешани  да се избориме тој да влезе во буџетот на ЈП за државни патишта за следната година.Воедно ќе ја презентираме и идејата за изградба на нов мост на Вардар за поврзување на населбата Речани со Велес, а со изградба на заобиколница околу Велес околу страната на Топилница за целиот товарен сообраќај  да не поминува низ централното  градско подрачје, најави Коцевски.

За неопходноста од итна санација и изградба на нов мост на Вардар кај Башино Село градоначалникот и алармира до централната власт повеќе од две години.

Неговата лоша состојба на носечката конструкција на столбовите  ја утврди  Заводот за испитување на материјали, а  кои за тоа ангажираа стручњаци од Градежниот факултет од Скопје..

Според  нивните мерења,  состојбата на мостт дополнително  ја влошуваат и тешките камиони и шлепери кои секојдневно поминуваат по него.Тие тогаш измерија дека  на мостот на Вардар кај Башино Село за еден час поминале 39 шлепери, 43 полесни товарни возила и комбиња и 250 автомобили.

Инаку столбовите на мостот при поројните дождови честопати се заглавени со гранки и трупци од дрва кои го носи Вардар, а  поради што со механизација мора да интервенира Општина Велес за да го спаси  мостот од рушење.

Мостот е изграден пред 49 години како времен мост од тогашната ЈНА.

Next Post

Богојески: Им се извинувам на сите граѓани на Македонија што не направив дополнителни напори да ги куртулам од вакви бандити како Мицкоски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk