Сѐ повеќе се гледа јазот во членството на најголемата опозициска партија во државата, а уште еден пример за тоа е објавата на Твитер профилот потпишан со корисничко име „UBKvoVMRO“ каде стои фотографија од Ивица Томовски, близок соработник на Мицкоски во друштво со уште три лица како присуствуваат на настапот на Владо Георгиев.
Во објавата, корисникот иако очигледно поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, ги осудува ваквите постапки на високи тела од партијата, пишувајќи „Главниот соработник на Мицкоски вчера во MOSH на Владо Горгиев, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден крека како се шири корона и мерките се лоши! До каде бе со тие двојни аршини? Мицко собери си ги соработниците или напрај стратегија кај тераш, вака сте контрадикторни!“
Опозициската ДПМНЕ континуирано се противи на секоја воспоставена мерка за заштита од коронавирусот, во предизборието бараа и оставка од министерот за здравство Филипче, а неодамна ги обвинија и СДСМ дека се „виновни што сѐ уште трае пандемијата“.
Д. Е.