Во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19.
Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.790, бројката на оздравени пациенти е 15.341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.693.





