ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир: Пристапување кон ЕУ треба да биде национален проект, а не проект на една политичка партија или коалиција

Реформите се во интерес на граѓаните, како и поттик за просперитетот на институциите, на демократијата. Целта е заемна, во интерес на сите.

October 6, 2020 19:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите треба да се спроведат не само за да и се удоволи на ЕУ или за да се донесе ЕУ тука, дома, туку и за да се донесе Северна Македонија во ЕУ. Усвојуавањето на законодавството согласно европските стандарди мора да продолжи, административниот капацитет мора да испорачува, а институциите мора да се оперативни. Владеењето на правото, пак, е почетокот и крајот на процесот на пристапување и ќе остане наш фокус низ целиот процес, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Според Гир, процесот на пристапување кон ЕУ треба да биде национален проект, а не проект на една политичка партија или коалиција. Реформите се во интерес на граѓаните, како и поттик за просперитетот на институциите, на демократијата. Целта е заемна, во интерес на сите.

-Усвојуавањето на законодавството согласно ЕУ стандардите мора да продолжи. Тоа е нешто на што сите треба да се фокусираме, административниот капацитет мора да испорачува, а институциите да се оперативни. Унапредувањето на правото е критична област. Ефективно владеење на правото е неопходно не само за да се обезбеди заштита на граѓаните, туку и за да дојдат инвеститори. Ако тие знаат дека постои правна сигурност и дека можат да се потпрат на системот, ќе се охрабрат и ќе дојдат, ќе ги реализираат вложувањата, рече Гир,  одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, откако претходно го презентира Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година, како и пакетот за проширување.

Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија се наведува дека Северна Македонија постигна добар напредок во однос на борбата против корупцијата и во оваа област има одредено ниво на подготвеност. Корупцијата, сепак, е распространета во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители вклучени во спречувањето и борба против корупцијата. Земјата воспостави механизми за обезбедување независност и одговорност на судството, како што се правила за назначувања врз основа на заслуги, проверка на имотот и судир на интереси. Во однос на борбата против организираниот криминал, законската рамка во голема мера е во согласност со европските стандарди и напорите за спроведување стратегии против организираниот криминал мора да продолжат.

Попладнево, во Брисел, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се обрати пред европратениците, откако беа објавени извештаите за реформскиот напредок на земјите од западен Балкан. Тој истакна дека Северна Македонија одржала стабилен напредок во делот на реформите, посебно владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Вархеји се надева на прва меѓувладина конференција до крајот на годинава.

-Дискусиите се во тек во Советот за предлог преговарачката рамка и се надевам дека меѓувладините конференции ќе се одржат под сегашното претседателство, доколку бидат усвоени, рече Вархеји./МИА/

Next Post

Ковид-19 во светот: Бројот на починати надмина милион, нови црни биланси во Русија, Индија и Мексико

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk