ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гир: Пристапување кон ЕУ треба да биде национален проект, а не проект на една политичка партија или коалиција

October 6, 2020 22:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Реформите треба да се спроведат не само за да и се удоволи на ЕУ или за да се донесе ЕУ тука, дома, туку и за да се донесе Северна Македонија во ЕУ. Усвојуавањето на законодавството согласно европските стандарди мора да продолжи, административниот капацитет мора да испорачува, а институциите мора да се оперативни. Владеењето на правото, пак, е почетокот и крајот на процесот на пристапување и ќе остане наш фокус низ целиот процес, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Според Гир, процесот на пристапување кон ЕУ треба да биде национален проект, а не проект на една политичка партија или коалиција. Реформите се во интерес на граѓаните, како и поттик за просперитетот на институциите, на демократијата. Целта е заемна, во интерес на сите.

-Усвојуавањето на законодавството согласно ЕУ стандардите мора да продолжи. Тоа е нешто на што сите треба да се фокусираме, административниот капацитет мора да испорачува, а институциите да се оперативни. Унапредувањето на правото е критична област. Ефективно владеење на правото е неопходно не само за да се обезбеди заштита на граѓаните, туку и за да дојдат инвеститори. Ако тие знаат дека постои правна сигурност и дека можат да се потпрат на системот, ќе се охрабрат и ќе дојдат, ќе ги реализираат вложувањата, рече Гир, одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, откако претходно го презентира Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година, како и пакетот за проширување.

Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија се наведува дека Северна Македонија постигна добар напредок во однос на борбата против корупцијата и во оваа област има одредено ниво на подготвеност. Корупцијата, сепак, е распространета во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители вклучени во спречувањето и борба против корупцијата. Земјата воспостави механизми за обезбедување независност и одговорност на судството, како што се правила за назначувања врз основа на заслуги, проверка на имотот и судир на интереси. Во однос на борбата против организираниот криминал, законската рамка во голема мера е во согласност со европските стандарди и напорите за спроведување стратегии против организираниот криминал мора да продолжат.

Попладнево, во Брисел, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се обрати пред европратениците, откако беа објавени извештаите за реформскиот напредок на земјите од западен Балкан. Тој истакна дека Северна Македонија одржала стабилен напредок во делот на реформите, посебно владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Вархеји се надева на прва меѓувладина конференција до крајот на годинава.

-Дискусиите се во тек во Советот за предлог преговарачката рамка и се надевам дека меѓувладините конференции ќе се одржат под сегашното претседателство, доколку бидат усвоени, рече Вархеји.

Next Post

СДСМ: Наместо лицемерни протести, Мицкоски да каже колку заработил од неговите хидроцентрали

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk