Музичарите и угостителите протестираат пред Владата. Тие поставија импровизиран ноќен клуб на кој стои натпис „затворено“. Седум месеци откако се затворени, тие денеска побараа финансиска поддршка и да се донесат протоколи за да можат да работат.
Даниел Сидовски, како претставник на музичарите и организатор на протестот, рече дека бараат во рок од два дена премиерот Зоран Заев да ги прими и да ги слушне нивните барања. Вели, околу 20 000 работници од рестораните за свадби и музичари се засегнати од кризата, а покрај музичарите и угостителите, ги наброја салоните за венчаници, за свадбени декорации, фотостудијата и менаџерите.
По неговото обраќање, од бината соопштија дека од кабинетот на Зоран Заев ги поканиле в петок на средба со премерот.