Доколку не се ангажираат сите и власта и опозицијата и докторите да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките бројките на заразени со ковид-19 ќе растат вртоглаво па можно е тие да достигнат и по 1.000 заразени дневно, изјави епидемиологот Никола Пановски за Канал 5 ТВ.
„Рекордот ќе трае кратко, ќе биде многу брзо соборен. Ова се бројки од петок сабота. По нив ќе дојдат нови од сабота, недела, па потоа нови случаи и тоа ќе се шири. Но ова е сериозен проблем. Ако продолжи вака не очекува полошо понатаму. Ќе колабираме здравствено и економски. Треба да се ангажираат и власта и опозицијата и докторите и светските лидери да ги вразумат граѓаноите да ги почитуваат мерките. Ова ако продолжи натаму ќе биде смешна бројка“, изјави Пановски.
Не само црвен, туку да имаше виолетов аларм мислам немаше да се почитува. Овие бројки се големи, ако се земе во предвид дека уште не е ладно и не е дојдена есента во полна сила“, вели Пановски кој рече дека денешниот рекорд ќе трае кратко.
„Прва мерка треба да биде навечер да има полициски час. Ако ова вака продолжи во затворен простор, денешната вројка ќе биде смешна, во тоа што ќе не чека понатаму“, изјави Пановски.