Целосна волја постои, најавивме пред изборите во кој правец ке се движи државата, 20 % намалување на администрација, кратење на непродуктивни трошоци за да помагаме на економијата преку капитални инвестиции, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето дали Владата има волја и дали е подготвена да се подготви со предизвиците во стопанството.
„Реформи мора да се случат во државата, но мора да се промениме сите. Тие реформи зависат од сите нас. Реформскиот процес продолжува во државата, владеење на право зошто тоа значи, од економија до реформи во образвоанието, за да се продуцира квалификувана работна сила, дигитализација е нешто за што исто така мораме да се преадаптираме и да креираме нови работни места.
Знаете, еднаш кажав, сите сакаме швајцарски плати, но треба да се зголеми и продуктивноста“, рече Заев за Економски магазин на Алсат М.