Првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг на денешната прес конференција изјави дека Алијансата обезбедила 60 респиратори во вредност од 1,4 милони евра како помош за јавното здравство на Северна Македонија.
„Ова е солидарност на НАТО на дело“, нагласи Столтенберг потенцирајќи го придонесот на македонските војници во Авганистан и нивното учество во мисијата на НАТО на Косово.
Столтенберг ја поздрави заложбата на македонската влада да го зголеми буџетот на одбраната за 0,2 проценти.
Премиерот Зоран Заев попладнево во седиштето на НАТО во Брисел со сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Остануваме решени да го зголемиме нашиот одбранбен буџет за 0,2 проценти, а до 2024 година до 2 проценти од БДП. Целта е да ги зголемиме капацитетите и способноста на нашата армија“, рече премиерот Заев.